Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Љаиќ доаѓа во Скопје по решение за српското брашно

2
By Нова ТВ on March 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот министер за трговија Расим Љајиќ денеска треба да дојде во Скопје на разговори со министерот за земјоделство Љупчо Николовски во врска со проблемот што според спрските производители на брашно, настанал со воведувањето на новиот македонски Правилник за увоз на брашно.

Љаиќ вчера за српските медиуми изјави дека доколку денеска не биде постигнато решение, Србија ќе воведе контрамерки кон Македонија.

Министерот Николовски, пак, изјави дека „не знае за најавите за контармерки од Србија“, но оти се во постојан контакт со Љаиќ и оти разговорите за наоѓање решение продолжуваат.

Проблемот со увозот на српското брашно настана откако Македонија на 8 февруари ги воведе измените на постојниот Правилник. Со измените се налага брашното да се обележува со маркички по неговото дистрибуирање и целосна контрола во земјава, а не уште пред да стигне во Македонија, од страна на извозниците.

Измените во Правилникот за изгледот, формата и содржината на барањето за издавање на контролни маркици за означување на брашното, се со цел да се избегне заобиколување на одредбите од самиот Правилник. Новина е што маркиците ќе се лепат во Македонија наместо како што беше претходно, додека брашното се пакуваше во Србија.

„Решението за издавање на контролни маркици од МЗШВ ќе се издава откако ќе се добијат резултатите од анализите од земените мостри за квалитет и безбедност на увозното брашно, и истите ќе се лепат во Македонија, пред увозното брашно да се пушти во промет. Потенцираме, дека овие правила важат и за македонските производители на брашно. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изврши само усогласување на постоечкиот Правилник, со цел да се гарантира безбедност и квалитет на увозното брашно и дека истото ќе се пушта во малопродажба откако ќе добие контролна маркица“, појаснуваат од Министерството за НОВА.

Оттаму дополнуваат дека иако Србија засега реагира, со измените во Правилникот, нема никакви дополнителни финансиски трошоци за увозниците и не се воведуваат никакви нетарифни бариери, единствено нешто што се менува е редоследот на активности при увоз на брашно од странски земји.

-Република Македонија ниту воведува нови давачки, ниту воведува нецарински/нетарифни бариери, напротив има намалување на давачките. Конкретно лани со Измените за висината на надоместокот за издавање на контролни марки за означување на брашно, се намалува цената на контролните маркици, тврдат од Министерството.

Контролните маркици кои се база на овој „спор“ меѓу Македонија и Србија се воведени во 2013 година преку измени на Законот за квалитет на земјоделски производи.

Според овие измени, во промет може да се пушти само брашно кое што има контролна маркица. Ова важи и за увозното и за домашното брашно.

Прифатлива опција за Македонија, посочи Николовски, е контролните маркички за увоз на еден, два и пет килограми брашно да се лепат во Србија, а за пакувањата со 25 и 50 килограми во Македонија согласно новиот Правилник.

– Настанатата состојба со увозот на брашното нема да предизвика недостиг од брашно на пазарот и покачување на цената на брашното, тврди Николовски, повторувајќи дека целта е да се почитува Правилникот кој претходно постоел и оти со него се намалува цената на контролните маркички и се кратат административните процедури.

Преземените активности, според него, се врз основа на аргументите кои покажале дека има разлика од 25.000 тони во увезеното брашно и издадените контролни маркички.

– Едни се официјалните бројки за увоз кои ги дава Царинската управа, а втори се оние кои ги дава Агенцијата за храна и ветеринарство, а сосема трети се официјалните податоци на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за издадени контролни маркички. Имаме разлика од 25.000 тони за кои не се издадени маркички, а Царинската управа вели дека се влезени на граница, изјави Николовски.

Како што појасни, увозниците во барањето за повлекување на Правилникот, освен аргументот за лепењето на маркичките, реагираат дека сега мора да го почитуваат делот за складирање на брашното во магацините за увоз.

– Се поставува прашањето зошто тогаш постојат магацините ако таму не се складира брашното и оди директно во промет, и ако половина се продава, а за половина добиваме анализи и кој граѓанин ќе биде сигурен ако купува брашно за кое нема анализи. Преговорите и разговорите ќе продолжат во тој правец, рече Николовски.

Србија реагираше зашто смета дека Македонија воведува бариери, што од македонска страна се негира и се напоменува дека условите за увоз и досега беа исти, само е сменет нивниот редослед и мора да се почитуваат.

брашно Љаиќ Македонија Николовски правилник Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.