Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја доби наградата „Златна копачка“.

Многу сум среќен, ова е голема чест. Сакам да се заблагодарам на моето семејство, на соиграчите, на стручниот штаб и целиот Баерн Минхен. Без нивната поддршка, немаше да можам да освојам вакви награди. Во спортот, како и во животот, многу е важно да се вреднувате, да се поддржувате, секогаш да бидете искрени еден кон друг и да се обидувате да бидете пример за другите. Затоа оваа награда им ја посветувам на сите луѓе кои се покрај мене секој ден. Многу сум задоволен од она што го постигнавме заедно како тим. Ви благодарам многу, изјави Левандовски.

Полскиот фудбалер постигна 41 гол во 29 натпревари во Бундеслигата минатата сезона и за прв пат во кариерата стана најдобар стрелец во европските првенства.