Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лари Флинт нуди 10 милиони долари за докази за импичмент на Трамп

0
By Нова ТВ on October 15, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 15, 2017 13:17

Основачот и издавач на “Хастлер”, Лари Флинт, нуди награда од 10 милиони долари за секој кој може да излезе со компромитирачка информација што може да доведе до импичмент на претседателот Доналд Трамп.

Водителката на телевизиската мрежа Фокс-бизнис Лиз Кламан на Твитер објави фотографија од рекламата на цела страница во неделното издание на Вашингтон пост, која подоцна беше ширена низ социјалната мрежа и од самиот Флинт.

-Отповикувањето може да биде комплицирано, оспорувано, но алтернативата – уште три години дестабилизирачка дисфункционалност – е полоша”, се вели во рекламата.

-Добронамерните демократи и републиканци кои ја ставија државата над партијата веќе го сторија тоа со Вотергејт. За да успее, отповикувањето бара неспорни докази. Тоа е причината за оваа понуда, пишува Флинт.

Во објавата се истакнува дека можно некои да го оценат овој потег како “заговор од страна на демократите за оспорување на легитимен избор”, но со тоа тие ја игнорираат пошироката слика.

-Мора да се направи поткрепен случај кој ќе укаже дека последните избори биле нелегитимни на многу начини – и дека по деветте бурни месеци на функцијата, Трамп докажал дека е опасно непогоден за да ја користи исклучителната моќ што ја наметнува нашата нова”унитарна извршна власт”.

Во текстот натаму се набројуваат неколку причини зошто Трамп не треба да ја врши највисоката функција во земјата, вклучително и “поттикнување насилни граѓански судири со расистички повици” и “стотици лаги”. Но, “најзагрижувачки” од се, како што се наведува е дека пред воопшто да дојде апокалипската поради климатските промени, Трамп може да предизвика нуклеарна светска војна “.

Што Флинт се надева дека ќе открие? “Доказите може се кријат во даночни пријави на Трамп кои се строга тајна или во други документи за неговите финансиски инвестиции? Дали постојат финансиски quo pro quo договори со Русите? Дали бизнисот на САД е компромитиран за да го заштити бизнисот на империјата на Трамп? Треба се да извадиме на виделина”.

Ова не е прв пат Флинт да понуди пари во замена за информации за политичарите. Не е ни првпат тој да понуди пари во замена за компромитирачки информации за Трамп. За време на кампањата,Флинт понуди 1 милион долари за видео или аудио што го покажа кандидатот на републиканците ” за вклученост во нелегална активност или дејство на сексуално понижувачки или навредлив начин”.

За време на импичментот на Бил Клинтон, овој порно магнат понуди пари во замена за компромитирачки информации за републиканците.

импичмент награда Трамп Флинт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.