Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лавина реакции против Тајани поради Македонија и Александар Велики

1
By Нова ТВ on January 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грците му се налутија на новиот претседател на Европскиот парламент (ЕП) Италијанот Антонио Тајани. Неговиот грев е што пред една година, поточно на 26 февруари 2016 година, Тајани го изговорил зборот Македонија зборувајќи за нашата земја и поврзувајќи ја со Александар Велики.

“Македонија е убава земја. Сите во Италија ја знаат Македонија. Зошто? Затоа што Александар Македонски и Филип Македонски се ваши познати претци”, рекол Тајани додека престојувал во Скопје на покана на ВМРО-ДПМНЕ.

“Без Александар Македонски немаше да имаме Европа бидејќи тој е првиот крал кој ја сопрел окупацијата од Иран и тие земји. Затоа го викаат Александар Велики. Тој ги зајакна европските граници”, додал Тајани.

Оваа изјава е проследена со силен аплауз од присутната публика во Скопје.

Европскиот портал Еурактив денес јавува дека Грците дури сега го виделе видеото во кое cе содржани овие зборови а тоа било емитуванo на грчката ТВ Ант1.

Речиси сите грчки партии реагирале на ова видео вклучително и Нова демократија која е членка на Европската народна партија на која и припаѓа Тајани.

На ова Италијанот објави соопштение во кое се вели дека европските институции земјата ја признаваат како “поранешна југословенска Република Македонија”.

“Во врска со медиумските извештаи за посетата на г-дин Тајани во Скопје, новиот претседател потврдува дека воспоставениот став на ЕП е дека оваа институција ја признава земјата меѓународно признаена како поранешна југословенска Република Македонија (ПЈРМ), вели соопштението од кабинетот на Тајани.

За пратеникот од Сириза Костас Крисогонос, Тајани докажал дека “не само што не ја познава историјата туку е и лекомислен”.

Елиза Воземберг од Нова демократија вели дека италијанскиот политичар “појма нема од географија” а Никој Андрулакис од Пасок изјавил: “Замислете мајката на Тајани да не беше професор по старогрчки. Што ли тогаш ќе кажеше?”.

Александар Велики Антонио Тајани Грција ЕП Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.