Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лазаров предупредува: Не смееме да ги потцениме, играат типично руски

0
By Нова ТВ on November 1, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 1, 2016 20:24

Украина пристигна во Скопје со драстично изменет состав за разликата од минатите години. Првиот противник на Македонија во квалификациите за ЕП 2018 е без неколку стандардни ракометари, дел од нив поради повреди, дел се повлекоа од репрезентативните настапи. Но, тоа не смее да ги опушти и залаже избраниците на Лино Червар дека ќе биде лесно утре (18.30 ч.) во ВИП арена „Борис Трајковски“ бидејќи основата е составена од играчи на Мотор, потоа Запорожје, Татран Прешов.

Подмладување и „пензионирање“, во меѓувреме, беше присутно и во македонскиот национален тим. Ги нема Мојсовски и Миркуловски, во А тимот се вклучени играчи кои допрва ќе треба да се докажуваат и наметнуваат, да понесуваат одговорност, да учат од преостанатите „староседелци“, пред се, како Кире Лазаров кој ќе биде предводник кон Хрватска низ шесте дуели во групата. Утрешниот дуел меѓу Македонија и Украина ќе биде и прв меѓусебен.

„Против Украина почнуваме еден нов циклус на квалификации во кои наша основна цел е пласман на европското првенство. По избореното учество на мундијалот во Франција, сакаме да бидеме дел и од завршницата во Хрватска. Имавме прилика да погледнеме натпревар на Украинците и заклучок е дека играат типична руска школа на ракомет. Можеби им фалат некои ракометари, но никако не смееме да ги потцениме. И покрај тоа што и ние сме во малку изменет состав, силно веруваме дека утре можеме да го направиме посакуваниот првиот исчекор кон европското првенство што ќе биде од големо значење за дуелите што следуваат“, смета капитенот Кире Лазаров.

Квалификации за ЕП 2018 Кире Лазаров ракомет репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.