Левица и ЛП доцна вечерва, а пред нив и Коалицијата за промени и правда и ПДП ги поднесоа листите за кандидати за пратеници во Државната изборна комисија.Другите партии тоа треба да го сторат вечерва до полноќ.

Рокот за поднесување на листите истекува вечерва на полноќ, но партиите и коалициите се чини ќе го чекаат последниот момент. Од ДИК велат дека очекуваат листите да бидат поднесени во законски предвидениот рок.

Откако партиите ќе ги поднесат листите, ДИК треба во рок од 48 часа од доставувањето да ги разгледа и потврди. Доколку се констатираат неправилности, ќе им укажат на подносителите, кои ќе треба да ги отстранат тие неправилности во период од 48 часа.