Лидерите на политичките партии денеска треба да потпишат Кодекс со кој ќе се обврзат на фер и демократски изборен процес.
На потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори поканети да се да присуствуваат се и претставници на дипломатскиот кор во земјата.
Кампањата за изборите на 11 декември започнува утре и ќе трае до 9 декември на полноќ, а ќе учествуваат 11 политички субјекти – пет коалиции и шест партии.
Под реден број еден на избирачкото ливче ќе биде Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, под редниот број два е Демократската партија на Албанците (ДПА), тројка е Демократската унија за интеграција (ДУИ), a редниот број четири го извлече Коалицијата предводена од СДСМ. Под број пет на избирачкото ливче ќе биде Коалицијата За промени и правда, предводена од Демократски сојуз, шеста ќе биде Партијата за демократски просперитет (ПДП), седмото место е за Коалицијата Алијанса за Албанците, осма Либералната партија, деветта ВМРО за Македонија, десетта на избирачкото ливче ќе биде Движење БЕСА и 11-та политичката партија Левица.
Право на глас имаат вкупно 1.784.524 граѓани. Во дијаспората ќе можат да гласаат 20.591 македонски државјани.