Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерите со честитки по повод Рамазан

26
By Нова ТВ on May 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на земјава по повод Рамазанските пости упатија честитки преку медиумите до сите граѓани од исламска вероисповед.

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

„Дозволете ми Вам, лично, и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија да Ви упатам честитки по повод почетокот на рамазанските пости“, вели Иванов во честитката.

Тој потенцира дека солидарноста и милосрдието се заеднички вредности на кои нè учат религиите, но, добрината, милоста и споделувањето се човечки доблести кон кои треба да се стремиме.

Собранискиот спикер Талат Џафери во својата честитка и од име на пратениците до поглаварот на ИВЗ вели:

„Светиот месец Рамазан е месец посветен на солидарност, сплотеност и хуманост, месец кој ги буди во нас меѓусебното разбирање, почитта, несебичноста и човекољубието. Преку постот тежнееме кон постигнување на духовно и телесно прочистување и со тоа придонесуваме кон градење на поздраво општество и посветла иднина за нашите деца.Овој свет месец Рамазан нека биде исполнет со среќа во нашите домови, мир во нашите души и добрина во срцетто“.

Мандатарот Зоран Заев, во чест на почетокот на Рамазанските пости во свое име и во име на СДСМ исто така упати честитка до поглаварот на ИВЗ како и до сите граѓани кои го чествуваат големиот празник Рамазан Бајрам.

„Го честитам почетокот на овогодинешните Рамазански пости на сите граѓани кои го чествуваат празникот Рамазан Бајрам. Посакувам Светиот месец Рамазан да донесе личен духовен мир и семејна хармонија.

Заев потенцира дека е неопходно меѓусебно почитување и разбирање и зацврстување на определбата за вистина, правда и солидарност како важни темели на нашето заедничко општество.

Посакувајќи им духовен мир, и техничкиот премиер Емил Димитриев упати порака до граѓаните од исламска вероисповед и првиот човек на ИВЗ, за вербата да помогне да продолжиме со градење на општество кое се карактеризира со меѓусебно почитување, соработка и заемна толеранција.

– Да работиме и понатаму за реализација на активностите кои обезбедуваат интерес за сите граѓани на нашата земја, решавање на секојдневните проблеми со кои се соочува населението, подобрување на стандардот, и развој на Република Македонија, вели Димитриев во својата честитка.

Ѓорѓе Иванов Зоран Заев исламска вероисповед Рамазан Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.