Претседавачот со германската Социјалдемократска партија Зигмар Габриел одлучи да и биде противкандидат на конзервативката Ангела Меркел за местото канцелар, на сојузните избори во септември, објави весникот Билд.

Оваа информација се поклопува со онаа на изворите во партијата кои за Ројтерс минатата недела изјавија дека нема вистинска алтернатива за Габриел. Неговиот портпарол пак изјави дека партијата останува на претходниот договор, дека за тоа ќе се одлучува на 29 јануари.

Повеќе членови на партијата се сретнаа денеска зад затворени врати во врска со изборната стратегија, но прашањето кој ќе биде главен партиски кандидат нема да биде офоцијано разгледувано.

Весникот наведува дека последниот канцелар од редовите на СДП Герхард Шредер побарал од Габриел да се кандидира.