Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лидерска со или без консензус: Заев за избори во јуни, Мицкоски на крајот на летото

0
By Нова ТВ on May 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партиските лидери повеќе од три часа во претседателската вила Водно се обидуваат да постигнат консензус за датумот на предвремените парламентарни избори, но неизвесно е дали денеска ќе има приближување на ставовите и договор.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев смета дека изборите треба да се одржат во првиот можен термин. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицксоки, пак, е за изборно соочување на крајот на летото.

„Во тек е средбата кај претседателот Стево Пендаровски. Очекуваме на прво место да биде ставен интересот на граѓаните и да се одреди конкретен датум за избори. Од здравствен, од економски и демократски апсект, одговорно е парламентарните избори да се одржат во првиот можен рок, веднаш штом условите го дозволуваат тоа, согласно препораките на здравствените институции“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Од СДСМ очекуваат дека денеска на средбата кај претседателот Стево Пендаровски, лидерите на партиите на прво место да го стават интересот на граѓаните и државата.

„Да нема неодговорност, да нема бегање, граѓаните да се стават на прво место. Само на тој начин може да се постигне договор за конкретен датум за одржување на изборите кои беа одложени заради здравствената криза“, велат од СДСМ. 

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека избори треба да се одржат кон крајот на летото, и оти тоа е најбезбедно за граѓаните.

„Крајот на летото е периодот предложен од Мицкоски на лидерската средба како најпогоден за одржување за избори. Овој период е предложен како најмалку опасен по здравјето на граѓаните и очекуваното стабилизирање на корона-кризата до тогаш. Со овој датум се избегнува стравувањето од нов бран од корона бидејќи сите најави се дека тоа ќе се случи наесен или на почетокот на зимата што го потврдува и СЗО. Крајот на летото е период кога најголемиот дел од луѓето се во земјава со што е присутна и можноста за кредибилни избори со висока излезност. Воедно ќе се има и појасна слика за ризиците и состојбата со короната во државата, а ДИК ќе има време за организирање на изборен процес кој ќе обезбеди заштита на здравјето на граѓаните“, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова, наведуваат од партијата, јасно ставаат до знаење дека не бегаат од избори и оти се фаворит, но воедно се грижат за здравјето на граѓаните.

„Од друга страна, видливо е на моменти нервозното однесување на Заев и пресметката за брзи избори со дваесетина посто излезност и огромен број на жртви во услови кога сè уште има двоцифрени бројки на новозаразени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За брзи избори, ако со нив не се загрози здравјето на граѓаните, е Демократската унија за интеграција (ДУИ).

„Ние сме за што побрзо организирање на изборите затоа што сметаме дека на државата и требаат институции со целосна можност за одлучување и политички капацитет. Важно е да не се загрози дополнително здравјето на граѓаните и логистичките услови да бидат исполнети“, изјави вчера вицепремиерот Бујар Османи.

На денешната лидерска средба за датум за одржување на предвремените парламентарни избори, како што потенцираше, ќе се разговараат сите аспекти и ќе се обидат да бидат најконструктивниот фактор. Претераното одложување на изборите не е во интерес на никого, ниту на владејачките, ниту на опозициските партии, а најмалку на државата, смета Османи.

ВМРО-ДПМНЕ избори консензус лидерска Македонија СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.