Челзи и Наполи се на праг на четврт-финале во фудбалската Лига Европа. И англискиот и италијанскиот претставник славеа со 3:0 како домаќини во првите осминафинални мечеви против Динамо Киев, односно, Салцбург правејќи ги формалност реваншите наредниот четврток.
https://www.youtube.com/watch?v=3s8K6tdPz0c
Педро во 17. минута, Вилијан во 65. минута и Хадсон Одои во 90. минута беа стрелци во убедлиата победа на „сините“ над украинскиот тим додека Милик во 10. минута, Руиз во 18. минута и Онгуене (автогол) во 58. минута ја тресеа противничката мрежа за калчолигашот во дуелот со австрискиот бундеслигаш.
https://www.youtube.com/watch?v=Nq9DN16M4tc
Лига Европа
Осминафинале, први мечеви
Динамо Загреб – Бенфика 1:0
Ајнтрахт Франкфурт – Интер 0:0
Севилја – Славија Прага 2:2
Рен – Арсенал 3:1
Зенит – Вилјареал 1:3
Челзи – Динамо Киев 3:0
Наполи – Салцбург 3:0
Валенсија – Краснодар 2:1
Реваншите ќе се одиграат на 14 март