Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига Европа: Челзи ја освои Прага, Арсенал пресилен за Наполи (Видео)

0
By Нова ТВ on April 11, 2019 СПОРТ
Фото: 90min.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Челзи и Валенсија со гостински победи во првите мечеви во четврт-финалето во Лига Европа. И тоа во финишот на натпреварите против Славија, односно, Вилјареал. Сините од „Стемфорд бриџ“ го совладаа чешкиот претставник со погодокот на Маркос Алонсо во 86. минута, па преостанува само да го потврдат пласманот во полуфиналето пред своите навивачи во наредниот четврток.

https://www.youtube.com/watch?v=cvUytFojqf0

Арсенал се покажа пресилен во дуелот со Наполи. „Топчиите“ славеа над калчолигашот со 2:0 што е одлилна залиха за нив пред гостувањето на „Сан Паоло“. Арон Рамзи во 15. минута и Калиду Кулибали со автогол во 25. минута „стрелаа“ за екипата од „Емирати“.

Валенсија во шпанската пресметка триумфира над Вилјареал со 3:1 со двата гола на Вас и на Гуедес во судиското екстра време. До истекот на основните 90. минута беше нерешено (1:1) уште од 36. минута на првото полувреме кога Казорла израмни за домашните по водечкиот гол на Гуедес во шестата минута, откако промаши пенал.

Бенфика и Ајнтрахт Франкфурт го одиграа најефикасниот меч вечерва во четврт-финалето во Лига Европа. Лидерот во португалска Примеира победи со 4:2 на стадионот „Луж“ во Лисабон и во голема мера зачекори кон полуфиналето. Хет-трик постигна Жоао Феликс во 21. минута од пенал, во 43. минута и во 54. минута, четвртиот гол за домашните, нивни трет на средбата, беше дело на Рубен Диас во 50. минута. Лука Јовиќ во 40. минута и Гонзало Пасиенсија во 72. минута погодија за бундеслигашот кој од 20. минута играше со фудбалер помалку.

Лига Европа

Четврт-финале, први мечеви

Арсенал – Наполи 2:0

Бенфика – Ајнтрахт Франкфурт 4:2

Славија Прага – Челзи 0:1

Вилјареал – Валенсија 1:3

Арсенал Лига Европа фудбал Челзи Четврт-финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.