Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига Европа: Работнички убедливо поразен во Минск

0
By Нова ТВ on July 20, 2017 СПОРТ
Фото: fkrabotnicki.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Динамо Минск доби уште еден европски двомеч со противник од Македонија. По Ренова во сезоната 2009/10, белорускиот состав овојпат подобар и од Работнички во второто квалификациско коло за УЕФА Европа лигата. На ремито во Скопје надоврза убедлив триумф со 3:0 на домашен терен и во наредното коло го очекува подобриот од пресметките меѓу Тракаи и Норшепинг.

Белорусите поведоа во 21 минута со голот на капитенот Нојок, на 2:0 зголеми Галовиќ во 70 минута, третиот гол беше дело на Сарока во 84.

Работнички не беше без игра и шанси на стадионот „Трактор“ во Минск“, особено меѓу првиот и вториот гол на Динамо, но реализација изостана. Заканите на С. Сахити, Велинов, Дурански и Маркоски завршија без ефект по дебармаалци кои и покрај упорната потрага по гол, сепак, не успеаја да најдат начин за избегнување на елиминација и продолжување на европското лето.

Ако до 70. минута и постоеше некаква надеж за евентуален гол што ќе значеше продолженија, по неа ситуацијата стана сè поизвесна. Нафрлувањето од корнер во гол го претвори Галовиќ, а 14 минути подоцна Сарока казни во контра за отстранување на секаква дилема околу патникот во третото коло.

Динамо Минск – Работнички 3:0 (1:0) – вкупен резултат 4:1

Стадион: „Трактор“ во Минск. Гледачи: 2.500. Гл. судија: Никола Раинвиј. Асистенти: Гилом Дебар и Филип Жан (сите тројца од Франција). Ж. картони: Бегунов, Лукиќ, Нојок, Лековиќ (Динамо Минск). Стрелец: Нојок 21′, Галовиќ 70′, Сарока 84′ за Динамо Минск.

Динамо Минск (формација: 4-3-3): Климович – Остроух, Сачивко, Кузменок, Галовиќ – Лековиќ, Нојок, Бегунов (Карпович 71′) – Лукиќ (Николиќ 78′), Квашчински (Кијко 86′), Сарока. Тренер: Сјархеи Хуренка.

Работнички (формација: 4-3-3): Шишковски – Ерера (Кадриу 69′), Билали, Митрев, Рашо – Најдовски (С. Сахити 30′), Трајчевски, Дурански (Станковски 82′) – Најденов, Велинов, Маркоски. Тренер: Виктор Треневски.

Динамо Минск квалификации Лига Европа Работнички фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.