Хапоел Бер Шева е изненадување на вечерта во мечевите од последното шесто коло во Лига Европа. Изралескиот клуб ремизира (1:1) на „Сент Мери“ во Саутемптон против истоимениот домаќин и поради подобар меѓусебен скор од премиерлигашот ќе продолжи меѓу најдобрите 32 екипи во натпреварувањето на пролет. Бузагло обезбеди предност за гостите во 79 минута, израмни Ван Дијк во судиското продолжение, но ниту сили ниту време за пресврт немаше.

Интер, во вториот меч во групата К, славеше на „Џузепе Меаца“ со 2:1 против Спарта Прага. Двата гола за „нероазурите“ ги постигна Едер, во 23 минута и во 90 минута, Марачек го реализира единствениот за екипата од Чешка која, десет минути подоцна, не искористи пенал.

Лига Европа

Резултати, 6. коло

Група Г: Стандард – Ајакс 1:1, Панатинаикос – Селта 0:2. Табела: Ајакс 14, Селта 9, Стандард 7, Панатинаикос 1.

Група И: Салцбург – Шалке 2:0, Ница – Краснодар 2:1. Табела: Шалке 15, Краснодар 7, Салцбург 7, Ница 6.

Група К: Саутемптон – Хепоел Бер Шева 1:1, Интер – Спарта Прага 2:1. Табела: Спарта Прага 12, Хапоел Бер Шева 8, Саутемптон 8, Интер 6.