Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига на шампиони: Интер ја реши Борусија Д., Барса на мускули во Прага

0
By Нова ТВ on October 23, 2019 СПОРТ
Фото: ntvspor.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интер ја оптимизира сопствената судбина и ја искомпликува на Борусија Дортмунд по три одиграни кола во групата Ф во Лигата на шампиони на УЕФА. „Нероазурите“ го совладаа бундеслигашот на „Џузепе Меаца“ со 2:0 и се пробија до второто место на табелата, веднаш зад лидерот Барселона.

Лаутаро Мартинез во 22. минута и Антонио Кандрева во 89. минута погодија за „сино-црните“ од Милано кои сега имаат идентичен број на бодови со „милионерите“ пред реваншот на 5 ноември на „Вестфален“.

Барселона, потешко од очекувањата, мина на гостувањето во Прага кај Славија. Каталонците ги понесоа трите бода по победата од 2:1 за што најголема заслуга има Луис Суарез. Тимот на Ернесто Валверде поведе уште во третата минута со голот на Лионел Меси. Домашните израмнија во 50. минута преку Јан Борил, а вториот триумф на шпанскиот претставник во ЛШ во оваа сезона го потврди Петер Олајинка со автоголот во 57. минута, момент за кој пресуди снаодливоста на уругвајскиот напаѓач кај гостите.

Со три бода од гости се враќа и Наполи. Калчолигашот триумфира кај Салцбург со 3:2 и остана лидер во групата Е. Двоен стрелец за наполитанците беше Дрис Мертенс во 17. и во 64. минута, печат на победата стави Лоренцо Инсиње во 73. минута. Двете реализации за австрискиот состав беа дело на Халанд во 40. минута од пенал и во 72. минута по додавање на Јунузовиќ.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ги одигра последните 10 минути на средбата на „Ред Бул“ арена.

Убедлив триумф на гости и на европскиот првак, Ливерпул. „Црвените“ во Белгија го поразија Генк со 4:1 со дват гола на Окслејд Чемпбрлејн во втората и во 57. минута и по еден на Садио Мане во 77. минута и Мохамед Салах во 87. минута. Почесниот за домашните го постигна Нигериецот Стивен Одеј во 88. минута.

Лига на шампиони

Група Е

Генк – Ливерпул 1:4

Салцбург – Наполи 2:3

Табела: Наполи 7, Ливерпул 6, Салцбург 3, Генк 1.

Идно коло (5.11.2019 год.): Ливерпул – Генк, Наполи – Салцбург

Група Ф

Интер – Борусија Дортмунд 2:0

Славија Прага – Барселона 1:2

Табела: Барселона 7, Интер 4, Борусија Дортмунд 4, Славија Прага 1.

Идно коло (5.11.2019 год.): Борусија Дортмунд – Интер, Барселона – Славија Прага

Група Г

Бенфика – Олимпик Лион 2:1

Лајпциг – Зенит Санкт Петербург 2:1

Табела: Лајпциг 6, Зенит Санкт Петербург 4, Олимпик Лион 4, Бенфика 3.

Идно коло (5.11.2019 год.): Олимпик Лион – Бенфика, Зенит Санкт Петербург – Лајпциг

Група Х

Лил – Валенсија 1:1

Ајакс – Челзи 0:1

Табела: Ајакс 6, Челзи 6, Валенсија 4, Лил 1.

Идно коло (5.11.2019 год.): Челзи – Ајакс, Валенсија – Лил

Елис Елмас Интер Лига на шампиони Наполи фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.