Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лиле Стефанова доби мандат да продолжи со истрагата за „Империја“

0
By Нова ТВ on October 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 3, 2019 15:37

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката Лиле Стефанова и понатаму да го води  предметот „Империја“, за кој истрагата беше запрена цели 7 месеци.  Предметот беше во мирување  поради мислењето на Врховниот суд со кое СЈО се прогласи за ненадлежно да ги води предметите започнати по законскиот рок од 18 месеци.

„Империја“: Истрага на СЈО за 13 лица меѓу кои Камчев и Мијалков

Во истрагата за случајот „Империја“ осомничени се 13 лица меѓу кои и Орце Камчев, Сашо Мијалков, Цветан Панделевски и други за  Злосторничко здружување, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Поврзаноста на „Империја“ со „Рекет“

Истрагата за „Рекет“ која ја води Обвинителството за организиран криминал е директно поврзана со „Империја“. Според пријавата од Орце Камчев кој е сведок во „Рекет“, осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски заедно со третоосомничената  Катица Јанева тргувале со влијание за да добијат значителна парична корист. Тие зеле од првоосомничениот во „Империја“ – Орце Камчев 1,5 милион евра  за тој да биде ослободен од кривично гонење.

За случајот „Рекет“ во Обвинителството за гонење на организиран криминал сведочеше и обвинителката Лиле Стефанова која претходно преку отворено писмо до јавноста ја обвини Јанева дека му го укинала притворот на Камчев и му го вратила пасошот иако таа како обвинител кој ја водел истрагата не се согласувала со тоа.

„ И покрај моето спротиставување, таква согласност беше дадена. Одлуката да биде дадена согласност за издавање на времена патна исправа на осомничениот Јордан Камчев, Катица Јанева ја донела во време кога јас користев годишен одмор и за истата не ме извести“ напиша Стефанова која исто така откри и дека Јанева побарала од неа да направи проценка на штетата за „Империја“ – сума која осомничените би ја платиле да не одат во затвор.

Стефанова контра Јанева: Катица му го укина притворот и му го врати пасошот на Камчев

Стеафнова за „Империја“: Имотот на Камчев е замрзнат

Три месеци по отворање на истрагата за „Империја“ на брифинг во СЈО беше кажано дека под истрага се петнаесетина македонски фирми, кои биле основани или се во сопственост на странски компании, а регистрирани на адреси на Сејшели, Панама, на Британските Девствени Острови, Белизе и на други локации во САД.

Според нивните сознанија кои ги изнесоа на почетокот на годинава, непосредно пред да се изјасни Врховниот суд, се свртеле милиони, а зад дел од нив се криело името на Камчев, или на негови блиски соработници. Од СЈО тогаш изјавија и дека имаат голем број на материјални докази, сведоци и легално прислушувани разговори на дел од осомничените, со кои ја разоткриваат криминалната шема во која според сомневањата биле „испрани“ или злоупотребени околу 10 милиони евра.

„Дел од сведоците зборуваат без страв и сокривање, но еден дел бараат да бидат загрозени, па дури им е страв да сведочат и со таков статус, брифираа од СЈО.

СЈО за Империја: Парите се переле во оф шор фирми, па се враќале дома

Во меѓувреме истрагата беше прекината, но имотот на Камчев остана замрзнат. Обвинителката Лиле Стефанова пред еден месец рече дека „тој не може да отуѓува имот затоа што имотот му е замрзнат“.

Стефанова исто така додаде дека имаат известувања за сите дејствија кои ги презема  Камчев како управител и член на управен одбор и дека преземаат законски дејствија.

На Камчев му беше издаден привремен пасош во мај годинава со важност од 6 месеци.

 

 

Империја Јовески Камчев Рекет Стефанова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.