Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локални избори: Пет кандидати за градоначалник на Охрид, по двајца за Ново Село и Дебар

0
By Нова ТВ on March 23, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: most.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пет кандидати ќе учествуваат на предвремените избори за градоначалник на Охрид и по двајца за градоначалници на Ново Село и на Дебар. Локалните избори во овие три општини ќе се одржат заедно со претседателските. Првиот круг треба да се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај. Ждрепката за редоследот на избирачкото ливче ќе се одржи во понеделник.

Во трката за градоначалник на Охрид се Михаил Трендафилов-Нанче од партијата Граѓанско-демократска унија, Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиески од СДСМ, Стевче Стевоски како кандидат на политичката партија „Демократи“ и Џемал Мена од движењето „Беса“.

Изборите за градоначалничката функција беа распишани по ненадејната смрт на градоначалникот на Oхрид, Јован Стојаноски, кој почина на 15 декември минатата година.

За испразнетото градоначалничко место во Ново Село кандидати се Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков од ВМРО-ДПМНЕ. Никола Андонов е познат стопанственик од селото Колешино, а функцијата градоначалник на Ново Село ја извршуваше во периодот од 2005 година до 2009 година. Николчо Стоилков е актуелен претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Ново Село. Дипломирал на Правниот факултет при УКИМ, вработен е во Царинската управа.

Во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.

Во трката за градоначалник на Дебар на предверемените локални избори на 21 април ќе учествуваат двајца кандидати. Тоа се познатите дебарски доктори, Хекуран Дука, кој е кандидат на ДУИ и Арбен Аголи од Алијансата за Албанците поддржан од Движењето „Беса“.

Хекуран Дука е роден 1963 година во Дебар, оженет, татко на три деца. Средно образование завршил во родниот град, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде завршил  специјализација по урологија. Вработен е во Општата болница во Дебар од 1994 година.

Тој е актуелен вршител на должноста градоначаланик. На последните локални избори, во 2017 година беше дел од кандидатската листа на ДУИ и беше избран за советник во Советот на општината.

Арбен Аголи е роден во Дебар 1959 годна, оженет, татко на две деца. Средно образование завршил во Дебар, дипломирал на Медицинскиот факултет во Приштина, а специјализирал педијатрија во Скопје. Во струката има 34-годишен стаж, од кои 20 години како педијатар. Од 2004 година работи како матичен педијатар.

Тој беше кандидат на Алијансата за Албанците и на изборите во 2017 година, кога со тесна разлика во гласовите, во вториот круг беше избран Ружди Љата, што беше негов втор мандат.

На изборите со свои кандидати одлучија да не учествуваат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, од каде потврдуваат дека сè уште немаат став на кого ќе изразат поддршка.

Избори за градоначалник во Дебар се организираат поради смртта на претходниот, Ружди Љата, кој, по кусо и тешко боледување почина на крајот на ноември минатата година, на 65-годишна возраст.

Дебар кандидати локални избори Ново Село Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.