Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Локални избори во Албанија: Социјалистите победија во 60 општини, Колефски потврден во Пустец

0
By Нова ТВ on July 28, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 28, 2019 18:55

По еден месец од локалните избори што беа спроведени на 30 јуни, Централна изборна комисија ЦИК) на Албанија ги соопшти конечните резултати. На финалниот состанок на ЦИК на кој се правела и анализа на изборниот процес, имало несогласувања пришто претседателот на Комисијата, Клемент Згури, одбил да се потпише на конечниот записник.

„ЦИК во овој изборен процес меѓу транспарентност и камуфлирање, законски и двојни стандарди, законитост и самоволие, неутралност и јасна политичка едностраност, го избра второто“, обвини Згури.

За разлика од него потпретседателот на комисијата, Денар Биба смета дека на овие избори победил Уставот. Според конечните резултати, правото на глас на 30 јуни го искористиле 811.727 албански граѓани или 22,96 отсто од вкупниот број запишани во единствениот избирачки список.

Апсолутен победник на изборите, на кои не учествуваше главната опозициска партија, е владејачката Социјалистичка партија на Албанија (СПА) на премиерот Еди Рама. Во 60 од 61 општина ќе раководат нејзини кадри, а само во една победи кандидат на „МЕГА“, партија на припадниците на грчкото малцинство. Меѓу победниците на овие локални избори и Пали Колефски, кој е нов градоначалник на Пустец.

Кога станува збор за Советите на општините – 74,11 отсто од советниците или 1.136 доаѓаат од СПА. Партијата на поранешниот шеф на албанската дипломатија, Паскал Миљо е втора со 3,66 отсто добиени гласови што ` носат 79 советнички мандати. Ниту еден глас на добила Националната конзервативна партија на Кујтим Ѓузи што значи дека не гласал ниту самиот тој.

Албанија Еди Рама локални избори Пали Колефски Пустец Спа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.