Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија со пресврт го доби Тунис, Лазаров „испали“ 12 гола

0
By Нова ТВ on January 12, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија по четврти пати бележи победнички старт на Светските ракометни првенства. Совладан е Тунис во премиерниот меч во Франција со 34:30 (13:14). Кире Лазаров беше најефикасен кај „црвено-жолтите“ со 12 гола (4/4 од линијата за седум метри) и заслужено го понесе признанието играч на натпреварот. По седум во триумфот вградија Дејан Манасков и Стојанче Стоилов колку што запиша и Теџ Исам во тунискиот тим.

Првата цел е дофатена. Остварена е победа во првиот меч што ширум го расчистува патот кон осминафинале. Потребен е уште еден што најреално е да се очекува против Ангола во сабота вечер (20,45 ч.) или евентуално со Исланд во последното коло во групната фаза. Денешната победа е голема, важна, значајна и за самодоверба пред останатите средби во групата. И на крајот доаѓа моментот за подмирување на сметката од Гдањск каде вечерашниот противник го уништи олимпискиот сон.

Македонската репрезентација одигра две различни полувремиња во Мец. Првото го загуби со еден гол, а второто го доби со пет (21:16). Тунис се претстави како што и очекуваше и најавуваше селекторот Лино Червар. Жалуз, Теџ Исам, Банур и голманот Мусауи го одржуваа ривалот во игра во првото полувреме, во второто во еден момент имаше и четири гола разлика (16:20) на што кумуваа и слабите реакции по напади „седум на шест“, трансформација од напад во одбрана, враќање на голман.

Но, минусот не ги скрши „црвено-жолтите“ кои останаа доследни на препораките на Червар да се останат мирни, да не загубат глава, да потиснат емоции и да одиграат со глава – разумно и рационално. Следуваше консолидација, се остана на земја и негативата почна постојано да се топи. По враќање во резултатски чекор се презема иницијатива, се направи пресврт и со серија голови од заостанување за четири гола се поведе со исто толку што и остана актуелна разлика по завршното огласување на сирената „Мец арена“.

Во првиот меч од групата, Словенија ја разби Ангола со 42:25, вечерва (20,45 ч.) ќе играат Шпанија и Исланд.

СП во ракомет

Македонија – Тунис 34:30 (13:14)

Арена во Мец. Гледачи: Судии: Бон-Ок Ко и Сеок Ли (Јужна Јореја)

Македонија: Колев (5 одбрани), Трајковски (3 одбрани), Манасков 7, Стоилов 7, К. Лазаров 12, Митков, Дрогришки, Талески 2, Миркуловски 3, В. Маркоски, Н. Маркоски 1, Георгиевски 2, Ф. Лазаров, Ојлески, Поповски, Нелоски. Селектор: Лино Червар.

Сермерци: 4/4. Исклучувања: 8 минути. Загубени топки: 7

Тунис: Мисауи, Ма. Суси, Туми, Теџ Исам 7, Заед, Банур 5, Хаџ Јусеф, Санаи 1, Буганми 9, Саед 3, Хосни, Т. Жалуз, Шоирев, Мо. Суси, В. Жалуз 5, Жабалах. Селектор: Хафед Зуаби.

Седмерци: 3/4. Исклучувања: 12 минути. Загубени топки: 10

 

 

Македонија ракомет Светско првенств Тунис Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.