Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ја отвора вратата за 10.000 странски работници

0
By Zoran Ivanov on January 16, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 16, 2026 13:27

Владата одобри квота од 10.000 работни дозволи за странски работници во 2026 година. Пораст од претходните години, со најголем интерес од Азија и регионот.

Даниела Трпчевска-Зафировска

Владата донесе одлука за квота од 10.000 работни дозволи за странски државјани за 2026 година, која стапи на сила на 16 јануари. Од нив, 9.750 дозволи се за редовно вработување, 200 за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани. Во рамки на редовното вработување, 4.500 се за нови работници, додека 5.250 се за продолжување на веќе издадени дозволи.

Од Министерството за економија и труд најавуваат дека ќе се следи искористеноста на квотата и состојбите на пазарот на труд во Македонија.

Квота од 10 илјади странски работници беше утврдена и за 2025 година, додека во 2023 – половина од квотата од 5.000 за увоз на странска работна сила беше пополнета уште во првите месеци од годината. Само минатата година Агенцијата за вработување издала 8.509 позитивни мислења за работни дозволи, а Министерството за внатрешни работи одобрило 6.128 дозволи за привремен престој на странски работници.

Бизнис-заедницата долго време бара зголемување на квотите, предупредувајќи дека недостигот на работна сила е сериозен проблем во градежништвото, преработувачката индустрија, угостителството и трговијата.

Недостигот на работна сила е сериозен проблем во градежништвото, преработувачката индустрија, угостителството и трговијата.

Пораст од три и пол пати за пет години

Вкупниот број на странски работници со дозволи за престој (6.128 во 2025 година), е три и пол пати повисок во споредба со пред пет години, кога дозволи добиле 1.704 лица. Најголем интерес за вработување странци има во градежништвото, индустријата, угостителството и трговијата. Меѓу земјите со најмногу работници се Бангладеш, Непал, Индија, Турција, Кина и Филипини.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека во сите сектори има потреба за работници како и досега. „Нема дополнителни отстапувања – тоа се секторите нотирани од работодавачите и од стопанските комори“, вели премиерот.

Законот ограничува дека квотата за странски работници не смее да надмине 5% од работоспособното население.

Законската рамка и растот на квотите

Владата годишно утврдува квота на работни дозволи преку која го ограничува бројот на странци на пазарот на трудот. Според законите квотата не може годишно да надминува 5% од населението во земјата кое законски е вработено.

Синдикатите изминатите години бараа либерализирање на пазарот на трудот за да се зголемат квотите за увоз на работна сила и да се елиминираат бариерите кои го спречуваат регрутирањето на работна сила од други земји. Квотата од 10.000 работници е значително зголемување во однос на 2023 година кога имало 7.000 дозволи.

Со измените на Законот за странци од 2024 година, работници ангажирани на стратешки проекти може да добијат дозволи надвор од редовната квота, како што е случајот со изградбата на коридорите 8 и 10Д.

Дебатата за азилантите од Велика Британија

Зголемувањето на квотата се случува во период на дебата околу тврдењата во британски медиуми дека Македонија преговара да прифати азиланти од Велика Британија кои би добиле работни визи. Објаснувајќи го планот кој им се нуди на земјите на Балканот, британските весници пишуваа дека мигрантите би биле депортирани и би им се понудила можност да побараат азил во Македонија, но не би биле притворени ниту би имале ограничувања на движењето, што значи дека би можеле слободно да ја напуштат земјата ако сакаат. Тие би биле охрабрени да побараат азил или да добијат работни визи во сектори со голем недостиг, како градежништвото, пишуваат британските медиуми.

Владата негираше дека постои ваков план.

Текстот е сопственост на Дојче Веле.мк

Дојче Веле Македонија работници странски тема
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.