Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонска алијанса потврди дека Темелко патувал преку граница

0
By Нова ТВ on September 27, 2017 ПОЛИТИКА
Едмонд Темелко
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 27, 2017 08:44

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), партијата на Македонците во Албанија го осуди притворањето градоначалникот на општина Пустец на Едмонд Темелко.

Од партијата потврдуваат дека Темелко секојдневно ги извршувал работните обврски како градоначалник на општина Пустец во Република Албанија чиешто државјанство и пасош, исто така, ги поседува, но, како што велат, „никогаш не се криел, ниту бегал, туку редовно се јавувал секоја среда, прво во Основниот суд Скопје 1, а потоа во Основниот суд Ресен, во согласност со претходно утврдените мерки на претпазливост при што му беше одземен само македонскиот пасош“.

МАЕИ укажува дека иако Специјалното јавно обвинителство и Основниот суд Скопје 1 знаеја дека Темелко е државјанин и на Република Албанија, никогаш не му беше изречена мерка на претпазливост за забрана да ја напушта територијата на Република Македонија.

За оваа партија приведувањето на Едмонд Темелко претставува “навреда за сите Македонци во Република Албанија и е дел од оркестрираната асимилација од албанската држава и бугарската пропаганда“.

Тие бараат претседателот на Република Македонија веднаш да го помилува Едмонд Темелко поради неговата нарушена здравствена состојба.

МАЕИ смета дека се работи за политичка хајка против единствениот градоначалник Македонец на само една општина во Албанија.

Едмонд Темелко беше уапсен вчеравечер во Скопје под обвинение за изборни нерегуларности за локалните избори во Република Македонија во 2013 година, во случајот Титаник на СЈО.

 

 

„Титаник“ апсење Едмонд Темелко Македонска алијанса за европска интеграција СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.