Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонски бизнис сектор: Фирми со управител и без вработени со обрт од 200 милиони евра

0
By Нова ТВ on December 14, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обрт од речиси 200 милиони евра во минатата година направиле 442 фирми со управител и без ниту еден вработен од 8.221 со таков статус во државата, а петнаесет отсто или околу 30 милиони евра од вкупната сума им останала како добивка, објавува аналитика.мк, чиј таргет е реалната слика на македонскиот бизнис.

Ако се повлече паралела, наведува порталот, тоа е еднакво на третина од приходите, на пример, на компанијата „Кромберг и Шуберг“ со 6,437 вработени чија дејност е производство на автомобилски делови или, пак, на белгиската „Ван Хол“ за производство на автобуси со 1.030 вработени.

Издвоено по сектори, вкупните приходи се најголеми кај компаниите што се занимаваат со трговија на електрична енергија. На девет во посочената дејност отпаѓаат околу 81 милиони евра од вкупно 200-те. Втор на листата е секторот изградба на станбени и нестанбени згради во кој има регистрирано 36 фирми без вработен кои во 2018 година забележале приход од околу 14 милиони евра.

Натаму следуваат секторите неспецијализирана трговија на големи (32 регистрирани компании без вработен) со добивка од, нешто над, 9 милиони евра и компаниите за издавање на недвижен имот (23) со приход од 4,6 милиони евра. Топ 5 во категоријата „човек-фирма“ се затвора со дејноста инженерство и техничко советување (13) со добивка од преку три милиони евра.

Гледано по градови, најголем дел од овие фирми на кои отпаѓа и 90 отсто од профитот се концентрирани во Скопје, дури 322. Останатите 120 се лоцирани во Штип, Струмица, Битола и Гевгелија.

Добивка економија компании Македонија приходи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.