Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонски фудбал: Тасевски тренер на Работнички, Илиевски на Ренова

0
By Нова ТВ on October 9, 2018 СПОРТ
Фото: fkrabotnicki.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два македонски фудбалски прволигаша со тренерски подновувања во паузата во домашниот шампионат поради репрезентативни настапи. Ден по спогодбениот раскин на договорот со Ѓоре Јовановски, експресно реагираше раководство на Работнички на чија клупа се смести Жикица Тасевски. Двете страни си подадоа рака за соработка до крајот на сезоната со можност за нејзино продолжување во случај на меѓусебно задоволство.

„Се договоривме со Тасевски да ја преземе екипата до крај на првенството. Млад е, амбициозен е, докажан е, поседува интернационално искуство и одлично ги познава прволигашките прилики. Работнички за него е стара и добро позната средина и нашите очекувања се дека ќе успее да го подигне духот на повисоко ниво. Веруваме дека тренерската смена ќе биде дополнителен импулс и за фудбалерите во насока на враќање на позициите што му припаѓаат на клубот“, истакна Драган Поповски, претседател на Работнички.

Жикица Тасевски беше тренер на Работнички во сезоната 2012/13. Претходно работеше во Маџари Солидарност, во Вардар, во Металург, му беше асистент на Александар Станков во стручниот штаб на Локомотив Пловдив и во кинески Хунан Билоус. Негов последен ангажман во домашната сцена бвеше Силекс.

„Гипсарите“ со Никола Илиевски – Џиџи кон Европа

Никола Илиевски-Џиџи по подолга пауза со нова работа во македонската Прва лига. Екс селекторот на Македонија постигна договор со управата на Ренова со чија екипа ќе се обиде да осигура излез на меѓународната сцена во наредното лето. На клупата на „гипсарите“ доаѓа како наследник на Јетон Беќири кој замина од позицијата во изминатиот период. Во вакуум периодот без тренер, тимот го предводеше спортскиот директор Лирим Саити кој успеа да освои седум бода и да се пробие до четвртото место на табелата (победи против Академија Пандев – 0:2 и против Шкупи 2:0 и реми со Шкендија – 2:2).

Илиевски смени доста клубови во менаџерската кариера. Неговото македонско минато е врзано со работа во Работнички, во Куманово, во Саса, во Беласица, во Љуботен, во Рудар Пробиштип, во Скопје, во два наврата во Металург и во Победа, во Вардар. Беше асистент во стручниот штаб на националниот тим во период 1993-1994, самостојно селекторуваше во 2002-2003, а претходно беше на чело и на младата репрезентација.

Меѓународно искуство на клупски план имаше во Целје (1998-2000 година и во сезоната 2005/06), еден период во 2008 година мина на кормилото на романска Валчеа, во сезоната 2010/11 беше на кормилото на албанскиот прволигаш Билис Балш, а во 2015 година и во индонезиски Персијап Јепара. Илиевски во 2011 година беше и селектор на фудбалската репрезентација на Бангладеш.

Жикица Тасевски Никола Илиевски-Џиџи Прва лига Работнички Ренова фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.