Шеснаесетфиналните мечеви во македонскиот фудбалски Куп минаа без изненадувања. Екипите што важеа за фаворити го оправдаа таквиот статус и не препуштија ништо на случајност на гостувањата кај преставниците на Втора, односно, Трета лига.

По четири гола за осминафинале постигнаа Шкендија против Гостивар, Работнички против Велазерими, Борец во велешката пресметка со Превалец и Силекс против скопска Фортуна. Првата рунда со пет постигнати погодоци ја архивираа Шкупи против Тетекс, Струга Трим Лум со Локомотива и Тиквеш против Љуботен.

Со најголеми проблеми се соочи Ренова која мораше на пенали (6:5) да се пробива покрај Кожув за опстанок во фудбалскиот Куп (мечот во основниот дел заврши со 1:1).

Најубедливиот триумф го забележа штипска Брегалница која славеше над нисколигашот Ново Црнилиште со 22:0.

Последниот осминафиналист ќе биде познат на 28 август за кога е поместен дуелот меѓу Каменица Саса и Вардар. Слободни во првата рунда беа бранителот на титулата, Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров.

Македонски фудбалски Куп, шеснаесетфинале

Гостивар – Шкендија 1:4

Велазерими – Работнички 0:4

Тетекс – Шкупи 1:5

Локомотива – Струга Трим Лум 1:5

Превалец – Борец 0:4

Фортуна – Силекс 0:4

Кожув – Ренова 3:3 / на пенали 5:6

Охрид – Беласица 1:1 / на пенали 5:4

Осогово – Победа 1:0

Кравари – Лабуништа 1:4

Кит Го – Пелистер 1:1 / на пенали 4:5

Љуботен – Тиквеш 1:5

Ново Црнилиште – Брегалница 0:22

Каменица Саса – Вардар (28 август)

Директен пласман во осминафиналето обезбедија Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров.