Кошаркарите на Работнички по пауза од четири години повторно го освоија трофејот во македонскиот Куп. „Центарци“ во големото финале во Гевгелија ја поразија Блокотехна со 85:71 (по четвртини: 22:17, 23:32, 20:10, 20:12). Признанието за МВП во мечот за титулата му припадна на Чавдар Костов

За тимот од Градски парк ова е јубилејна десетта титула во националниот Куп по 1993 година (против Кочани Деликатес), 1994 година (МЗТ Скопје), 1998 година (Орка Кавадарци), 2003 година (ЗМТ Скопје), 2004 година (Неметали Огражден), 2005 година (Вардар Осигурување), 2006 година (Вардар Осигурување), 2011 година (МЗТ Скопје) и 2015 година (Кожув).

Покрај нив има и пет пораз во финалните пресметки од МЗТ Скопје (1996 година, 2000 година и 2018 година) и од Николферт Гостивар (2001 година и 2002 година).