Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Македонски Пошти“: Корона-вирусот не се одразува на обемот на нарачки од Кина

0
By Нова ТВ on February 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Корона-вирусот се појави во Кина кон крајот на 2019 година и оттогаш постепено зема замав за денеска да претставува закана на светско ниво. Кинезите се под забрана за напуштање на своите градови, што не важи и за пратките. Со оглед дека од Кина масовно се нарачуваат работи преку интернет, особено преку „Али Експрес“ и платформи слични на неа, постои дилема дали коронавирусот може да се пренесува до граѓаните и на тој начин.

Досега нема доказ дека болеста може да се пренесе поштенска пратка, па и појавата на корона-вирусот засега не се одразува врз обемот на нарачки во Македонија од Кина што го потврдуваат и од „Македонски Пошти“, оператор преку кој стигнуваат најголем број од пратките во земјава, состојбата со корона-вурусот засега не се одразува со обемот на таквите нарачки.

„Во изминатиот период не е забележана тенденција на намалување на пристигнати пратки од „Али Експрес“. Се доставуваат и подигнуваат со вообичената динамика од нарачателите“, велат од „Македонски Пошти“.

 

Од Светскиот поштенски сојуз и надлежното Министерство за здравство, како што укажуваат, немаат добиено информација за натамошно постапување заради коронавирусот.

Проблеми со кинеските пратки во Хратска и Србија

За разлика од кај нас, како што пишува „Слободна Далмација“, жители на Сплит изјавиле дека пратките прво ги стерилизираат, а има и такви кои подолго време ги чуваат настрана. Како што објавија хрватските медиуми, изминатата недела „Хрватска пошта“ ги „замрзнала“ испораките на мали пакувања од Кина, па повеќе од 250.000 нарачки се ставени во мирување.

„Авиокомпаниите првенствено ги прекинаа летовите поради патниците со што и пратките не може да стигнат до Хрватска“, информираа од „Хрватски пошти“, откако добиле известување од „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Туркиш Ерлајнс“ за прекин на летовите кон Кина поради појавата и ширењето на корона-вирусот и оти тоа ќе влијае и на испораката на пратките.

Претходно и Јавното претпријатие „Поштa Србија“ ги инфорира своите корисници за промени во деловната соработка со Кина поради откажаните летови како резултат на корона-ворусот.

„Информирани сме од авиопревозниците „Луфтханза“ и „ЛОТ“ дека поради превенција од опасноста за ширење на коронавирусот, летовите кон Кина се откажани и тоа ќе влијае на вообичаеното поштенско работење во размена на пратки. Поради тоа ги молиме корисниците на услугите на „Пошта Србија“ за разбирање, а за сите промени ќе ве информираме навреме“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на „Пошта Србија“.

СЗО: Нема ризик од писмата и пакетите од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) на почетокот на февруари соопшти дека примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од корона-вирус.

„Според последните анализи, вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети“, објави СЗО.

Фото: dara.co.id

Директорката на Центарот за имунизација и респираторни болести, Ненси Месони на прес-конференција истакна дека вирус не може да преживее на површина на предмети и „многу е мал ризикот за раширување на вирусот од пакети кои патувале со денови или недели на собни температури“. За пратките од Кина се потребни најмалку два дена да стасаат до било која адреса и според експертите, шансите со нив да стаса корона-вирус се речиси никакви, наведе Месони.

Стравот од неизвесноста од ширењето на новиот корона-вирус изминатиот период тешко ги погоди берзите во Кина каде што акциите загубија 420 милијарди долари од основниот фондов индекс. Инвеститорите распродаваа акции и јуани, а трговијата на берзите требаше да биде прекината поради уривање под прагот што се смета дека е почеток за паника. Масовното обезвреднување се случи и покрај тоа што Централната банка на Кина соопшти дека ќе „инјектира“ 174 милијарди долари за ликвидност во финансискиот сектор.

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ објави дека ќе мора привремено да ги затвори своите продавници во Кина поради епидемијата на корона-вирусот, кој има негативен ефект на продажбата. Слични затворања има и во мрежата на продавниците за франшизата, соопшти групата „Херкогенара“.

Американскиот бренд на спортска опрема „Најк“, пак, најави дека во краток рок очекува големо влијание врз своите активности во Кина, каде што, исто така, ги затвора продавниците.

Според СЗО, до вчера се регистрирани 31.211 потврдени случаи на заболени од корона-вирус во Кина и 637 починати. Во 27 други земји во светот досега се забележани 320 случаи на заразени од болеста со симптоми на покачена температура, кашлица, а во тешки случаи и недостиг на здив и воспаление на белите дробови.

„Али Експрес“ Кина Корона-вирус Македонски пошти пратки СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.