Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонските фудбалери трети во групата Г: Квалификации како надеж за ЕП 2020 преку Лига на нации

0
By Нова ТВ on November 20, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската фудбалска репрезентација за првпат завршува квалификации како третопласирана во група. „Црвено-жолтите“ вечерва на арената „Тоше Проески“ го совладаа Израел со 1:0 во последното коло од циклусот за Европското првенство во 2020 година. Стрелец на единствениот погодок беше Бобан Николов во втората минута од судиското екстра време на првиот дел за финиш во групата Г како што се почна со победа над Летонија со 3:1.

Третото место во конкуренција на Полска, на Австрија, на Словенија, на Израел и на Летонија не носи пласман на ЕП 2020. Но, десетте солидни квалификациски меча даваат реална надеж за негување амбиции дека завршниот турнир може да се дофати преку Лигата на нации. Ривал во полуфиналето е Косово, победникот ќе игра во плејоф финале со подобриот од дуелот Белорусија – Грузија за патникот на континенталниот самит од Д дивизија.

Македонија забележа по четири победи и порази и двапати ремизира во квалификациите за ЕП 2020 со вкупна гол разлика 12:13. На домашен терен загуби од Полска (0:1) и од Австрија (1:4) и славеше во останатите три настапи во Скопје – против Летонија со 3:1, против Словенија со 2:1 и против Израел со 1:0, а три бода освои и на мегдан на Летонците во Рига (2:0). Двата нерешени исхода се запишани на гостувања – против Израел (1:1) и против Словенија (1:1) додека од Австријците и Полјаците загуби и во Виена (1:2), односно, Варшава (0:2).

Пласман на ЕП 2020 преку редовните квалификации обезбедија Англија, Чешка, Украина, Португалија, Германија, Холандија, Швајцарија, Данска, Хрватска, Велс, Шпанија, Шведска, Полска, Австрија, Франција, Турција, Белгија, Русија, Италија и Финска.

Квалификации за ЕП 2020

Група Ц

Германија – Северна Ирска 6:1

Холандија – Естонија 5:0

Табела: Германија 21 бода, Холандија 19, Северна Ирска 13, Белорусија 4, Естонија 1.

Група Е

Велс – Унгарија 2:0

Словачка – Азербејџан 2:0

Табела: Хрватска 17 бода, Велс 14, Словачка 13, Унгарија 12, Азербејџан 1.

Група Г

Македонија – Израел 1:0

Полска – Словенија 3:2

Летонија – Австрија 1:0

Табела: Полска 25 бода, Австрија 19, Македонија 14, Словенија 14, Израел 11, Летонија 3.

Група И

Шкотска – Казахстан 3:1

Сан Марино – Русија 0:5

Белгија – Кипар 6:1

Табела: Белгија 30 бода, Русија 24, Шкотска 15, Кипа 10, Казахстан 10, Сан Марино 0.

ЕП 2020 Израел квалификации Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.