Еден милион и 810.000 евра добија четирите македонски клуба што учествуваат во квалификациите за Лигата на шампиони и Лига Европа за ланската сезона. УЕФА положи сметка кој колку добил во двете нејзини натпреварувања за периодот јуни 2015 – јуни 2016.
Најголем дел од сумата, речиси, половина отпаѓа на Работнички кој во квалификациите за Лигата на Европа сригна до плејофот. Клубот од скопско Дебар Маало ги мина Флора Талин од Естонија, Јелгава од Летонија, Трабсонспор од Турција пред да биде елиминиран од Рубин Казан за што вкупно заработи 860.000 евра.
Втор на листата е Вардар кој се појави во квалификациите за Лигата на шампиони. Првакот беше елиминиран во второто коло од АПОЕЛ од Кипар, но и покрај тоа доби 550.000 евра.
Останатите две наши екипи, Ренова и Шкендија, добија по 200.000 евра за самиот пласман во нокаут рундите за Лига Европа. Тимот од Џепчиште го загуби двомечот со молдавски Кисињев, а тетовскиѕе црвено-црни беа исфрлени од Абердин.
Најголема заработувачка за минатата сезона имаше Манчестер Сити – 83.853,000 милион евра. Следен по него е Реал Мадрид со 80.067.000 милиони и Јувентус со 76.256.000 милиони евра.
Меѓу најдобрите 10 се најдоа и:
1.Манчестер Сити 83,853,000 евра
2. Реал Мадрид 80,067,000 евра
3. Јувентус 76,256,000 евра
4. Париз Сен-Жермен 70,803,000 евра
5. Атлетико Мадрид 69,665,000 евра
6. Рома 68,461,000 евра
7. Баерн 68,461,000 евра
8. Барселона 56,552,000 евра
9. Арсенал 53,423,000
10. Волфсбург 50,292,000 евра