Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон и Ле Пен ќе се соочат во вториот круг на француските избори

0
By Нова ТВ on April 23, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 23, 2017 20:18

Емануел Макрон и Марин Ле Пен се двајцата претседателски кандидати кои влегуваат во вториот круг на изборите во Франција. Тие ќе се соочат на 7 мај и Французите меѓу нив двајца ќе треба да го изберат новиот претседател на републиката.

Центристот Макрон има 23.7 отсто гласови а екстремната десничарка Ле Пен 21,7 отсто.

До последен момент не се знаеше кој од четворицата фаворите ќе влезе во вториот круг. Имено, двајцата кандидати што следат се Жан-Лук Меланшон и Франоса Фијон имаат двајцата по 19 отсто гласови.

Емануел Макрон порача дека Франција врти нова страница во политичката историја.

-Французите изразија желба за променба. Очигледно вртиме нова страница во политичката историја на Франција, изјави Макрон за АФП.

Директорката за кампања на Марин ле Пен истакна дека изборите сега станаа референдум за и против глобализацијата.

Со оглед на неизвесноста на овие избори и кавгите во двете традиционални партии – социјалистите и десните републиканци – до последен момент беше неизвесно кој ќе влезе во вториот круг.

Излезноста на изборите беше послаба отколку во 2012 година. До 19 часот излегле да гласаат 77 отсто гласачи а во 2012 година процентот беше 79.50 отсто.

Со оглед на влезот на екстремната десница во вториот круг се очекува дека сите партии ќе се обединат за да не и дозволат на Ле Пен да влезе во Елизејската палата.

Тоа е случи и во 2002 година кога Жан-Мари Ле Пен, таткото на Марин, влезе во вториот круг со Жак Ширак како негов противник. Излезноста во вториот круг беше огромна а Французите со над 88 отсто гласаа за Ширак.

Изборите се одржаа во време на вонредна состојба во Франција и во сенка на недамнешниот терористички напад . Учествуваа 1 кандидати од крајната десница до крајната левица, за кои гласаа 47 милиони гласачи.

 

Францускиот премиер Bернар Kазнев ги повика демократите во вториот круг на претседателските избори на 7 мај да гласаат за Макрон. Ист повика преку твитер упати и министерот за надворешни работи Жан Марк Еро.

Се очекува дека сите други кандидати ќе ги повикаат своите приврзаници да гласаат за Макрон. Тоа веќе го направи кандидатот на социјалистите Бенуа Амон кој веднаш по објавувањето на резултатите ги повика неговите гласачи на 7 мај гласот да го дадат на Макрон.

Емануел Макрон избори Марин Ле Пен Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.