Францускиот претседател Емануел Макрон денеска имаше разговор со рускиот колега Владимир Путин, кој траеше повеќе од два часа, соопшти Елисејската палата пред малку. Канцеларијата на францускиот претседател не даде детали за содржината на разговорот, но најавено е и се очекува соопштение.

Ова не е прв разговор на францускиот лидер со Путин, тие разговараа во неколку наврати од почетокот на руската офанзива врз Украина, која почна кон крајот на февруари. Разговорите, меѓутоа не се сметаа за успешни бидејќи не влијаеја на текот на војната и чекорите што ги преземаше Русија во досегашниот тек на агресијата.