Лидерите на Германија и Франција Емануел Макрон и Олаф Шолц побараа „итен прекин на огнот“ во Украина за време на денешниот трипартитен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, „инсистирале дека секое решение за кризата мора да се преговара меѓу Русија и Украина“, соопштил извор од Елисејската палата, а пренесе Си-Ен-Ен.

Тројцата лидери се договориле дека ќе останат во близок контакт еден со друг во следните неколку дена.

Лидерите на Европската унија се состануваат денес во околината на Париз за да разговараат за војната во Украина.