Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мамиќ пуштен на домашно лекување, Томиславград под опсада

0
By Нова ТВ on August 22, 2017 СПОРТ
Фото: dnevnik.ba
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здравко Мамиќ е во одлична состојба, надвор е од животна опасност и по укажаната медицинска помош во здравствениот дом во Томиславград, на негово инсистиање, е пуштен на домашно лекување во Загреб, јавуваат хрватските медиуми. Газдата на Динамо утрово беше мета на маскирани напаѓачи кои истрелаа неколку куршуми кон него во местото Зидина во малото гратче во Херцеговина.

Лекарскиот персонал во Томиславград ја санира повредата во пределот на натколеницата и му понуди на Мамиќ да биде превезен во КБЦ Сплит на натамошна опсервација, но тој го одбил таквиот предлог и побарал да се врати во хрватската престолнина што му било и овозможено.

Напаѓачите го напуштиле местото на настанот и со автомобил се упатиле во непознат правец. Томиславград е на нозе и под полициска опсада и во потрагата по сторителите на инцидентот се вклучени и полицискките управи од Ливно и Посушје.

Порталот „24сата.хр“ објави и фотографии на Здравко Мамиќ со роднини и вработени во здравствениот дом во Томиславград на кои човекот што важи за алфа и омега во хрватскиот фудбал е со насмеано лице.

Неофицијално, драмата во Томиславград се случи пред градската капела додека Мамиќ, во прудружба на 40-тина роднини и пријатели, излегувал по одбележување на годишнина од смртта на неговиот татко. Извор близок до семејство го окарактеризира нападот како класична заседа, а очевидци истакнаа дека биле истрелани неколку куршуми од кои само еден завршил во него што подоцна е утврдено дека не погодил коска.

БиХ Здравко Мамиќ Инцидент Томиславград
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.