Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски: Функционална извршна власт најдоцна до наредната недела

0
By Нова ТВ on August 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 24, 2020 13:19

Досегашниот министер за информатичко општество и јавна администрација и потпретседател на СДСМ Дамјан Манчевски, верува дека најдоцна до утре ќе биде поднесен предлогот за влада и најдоцна до наредната недела Македонија ќе добие функционална извршна власт. Во однос на изборот на собраниските комисии и тела, тој додаде оти очекува веќе на следната собраниска седница тие работи да бидат завршени.

„Може да кажеме дека во септември ќе имаме целосно функционален систем и од извршна и од законодавна власт и таму ќе се соочуваме со предизвикот за онлајн работење, онлајн одлучување, дигитализација и слично. Во Собранието веќе работат на платформа на која и пратениците ќе може да работат и одлучуваат и од дома или од нивните канцеларии што, исто така, е голем предизвик. Работат службите на ова и верувам дека до крајот на септември ќе биде овозможено“, изјави Манчевски, кој денеска учествуваше на неформална заедничка средба со пратеникот во Собранието и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП.

Владата, посочи Манчевски, и сега работи онлајн и тие измени на деловникот се донесени одамна. Прашан за слабото парламентарно мнозинство и како тоа ќе работи, тој одговори дека тоа не е битно, иако претходната влада имала уште послабо мнозинство, но сепак стигнала до 80 пратеници.

„Битни се политиките и она што го предлагаме и нормално градење на политички консензус околу некои теми, а ако може и околу сите, е клучно. Умешноста на водењето политика е да се добие што поголема поддршка. Ако нашите предлози се корисни за сите граѓани и делови на општеството, не гледам зошто некој би имал против“, изјави Манечсвки.

Тој, исто така, изрази надеж дека влегуваме во еден посмирен период за нашата политика, каде се решени поголемите проблеми и прашања кои предизвикуваа поделби меѓу граѓаните и дека сега сите сме насочени кон секојдневните проблеми за кои не гледа многу простор за жестока дебата.

Во однос на новото парламентарно мнозинство, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека практично станува збор за истата коалиција што владееше во последните три години и дека е неблагодарно да се дава предвидување за тоа колку ќе трае.

„Едноставно, граѓаните треба да видат дали таа коалиција ги реализирала очекувањата од претходниот тригодишен мандат и тоа самото по себе ќе им даде одговор какви очекувања треба да имаат за истата влада. Јас мислам дека нема да има висока реализација на очекувањата. Нестабилното парламентарно мнозинство ќе значи дека на многу повисок степен ќе биде дневната политизација, отколку решавањето на тековните проблеми“, изјави Муцунски.

Прашањето, посочи тој, е што ќе се направи и како ќе се позиционира во решавање на суштинските проблеми на нашите граѓани.

Влада Дамјан Манчевски Македонија Тимчо Муцунски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.