Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Манчевски: Нашата земја е меѓу последните во Европа со проблем со авторските права

0
By Нова ТВ on February 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски очекува позитивен ефект од стапувањето во сила на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради фактот, како што вели, дека „сите сме приморани да седнеме на маса и да најдеме брзо ама реално решение за проблемот“ во атмосфера на прилично голема недоверба меѓу операторите и радиодифузерите.

„Овој закон беше донесен во една многу долга, инклузивна и јавна процедура со добиена поддршка од Европската комисија и високиот претставник за медиуми на ОБСЕ, Арлем Дезир. Се јави проблем во делот на имплементацијата на дел од законот во делот на почитување на авторсктие права. Мора да си признаеме дека сме една од последните земји во Европа, ако не и последна, што имаме проблем со авторските права. Мораше нешто да се направи за да се смени состојбата со флагрантното кршење на авторските права кај нас и затоа пред распуштање на Собранието само го ставивме во сила Законот кој е донесен во декември во 2018 година по максимално инклузивен и транспарентен процес со многу јавни дебати на кои беа консултирани сите заинтересирани страни“, рече Манчевски.

Сè уште сум, нагласи, оптимист дека ќе најдеме решение.

„Интензивно комуницираме на темата со радиодифузерите и операторите сега и пред декември во 2018 година и сме имале бројни состаноци во обид да најдеме решение. Законот се донесе со целосен консензус во Собранието и го поддржаа сите политички партии и со договор помеѓу радиодифузерите и операторите. Проблем е на сите тоа што во овие повеќе од една година никој ништо не направи за да се подобри состојбата. Сега се обидуваме да најдеме решение кое ќе значи средување на состојбата, но без да има штета на грбот на граѓаните и корисниците на услугите. Уверен сум дека такво решение постои и оти ќе го имплементираме“, рече Манчевски.

Доколку сите ги почитуваат законите, посочи, нема да има проблем, а тоа што не се почитуваат законите и Владата и државата ги наведуваат кон решенија во кои мора дополнително да се регулира нешто што е јасно – не треба да се емитува или реемитува нешто за што нема авторски права.

„Различни страни различно го интерпретираат тоа и сме дошле до проблемот кој е стар 20 години. Можеби изгледа тензична ситуацијата во моментот меѓу едната и другата страна, а ние сме некако во средина, но, конечно, сфаќаме дека што и да се случува кој и да преземе какви било чекори на крај мора да се седне на заедничка маса за да се најде решение. Прашање е дали тоа ќе биде по одредена штета за сите или ќе сфатиме дека нема потреба никој да трпи штета, туку да најдеме решение“, потенцира Манчевски.

Кога се донесе законот, додаде, заеднички се договоривме со радиодифузерите и операторите дека ќе се почека со изборот на новиот Совет на АВМУ кој треба преку правилници да ја дефинираат примената на законот.

„Со оглед што постоеше и сè уште постои политичка блокада од страна на опозицијата за избор на Совет на АВМУ со што се прекршија роковите и апсолутно се прекрши законот, никогаш не дојде до дефиниција на правилниците, но проблемот остана. Година и нешто потоа сè уште имаме ист проблем со почитувањето на авторските права што беше неиздржливо од аспект на почитување на законот. Имаме посебен Закон за авторски права, а како и за многу други работи проблем ни е судството кое не ги процесуираше и не ги процесуира претставките и предметите што се однесуваат на заштита на авторските права. Пред распуштање на Собранието ние само го ставивме законот во сила“, прецизира Манчевски.

авторски права Дамјан Манчевски закон Оператори Радиодифузери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.