Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меџити: Новото мнозинство да делува храбро во Парламентот

0
By Нова ТВ on April 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 11, 2017 18:37

„Пратениците на парламентарното мнозинство треба да бидат по храбри во конституирањето на новото парламентарно мнозинство“, изјави за Алсат М потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити.

Во интервју за емисијата 200, Меџити вели дека ДУИ го затворила поглавјето со ВМРО-ДПМНЕ, кое според него тешко ќе најде коалиција кај Албанците ако продолжува со поттикнатата реторика во меѓуетничките односи.

„Субјектите кои го прават новото парламентарно мнозинство да влезат храбро бидејќи крајот на краиштата, Македонија е парламентарен систем, нема нешто над Парламентот и одлуката на граѓаните. Има доволно 67 пратеници, треба да се оди храбро кон избирање на претседателот на Собранието, конституирањето на органите на Собранието и формирањето на владата.” – изјави Изет Меџити

Што подразбирате под тоа „храбро“?

„Сфаќам дека не е лесно. Ако нешто сфатиле граѓаните е дека не било лесно соочувањето со ВМРО ДПМНЕ и оваа раководна структура бидејќи тоа го сфатила и меѓународната заедница дека нема да и биде лесно комуницирањето и менаџирањето со ВМРО ДПМНЕ, значи не беше проблем само на ДУИ. Ова е уништување на демократијата, задушување на демократските процеси, пуч кон државните институции и мислам дека тука веќе нема никаква причина за да се слуша оваа реторика на ВМРО ДПМНЕ. Дури, од тука треба да праќаме порака, не дека само сега ВМРО ДПМНЕ не може да прави коалиција со албанските партии туку со оваа националистичка реторика се доведува во опасност да се изолира целосно во среднорочно и долгорочно од албанските политички субјекти.“, вели Меџити.

Значи поглавјето со ВМРО-ДПМНЕ е затворено?

“Јас мислам и убеден сум дека е затворено.”

Значи ова е само ваше мислење или е одлука на партијата?

“Не сакам ниту да размислам за друга алтернатива затоа што другата алтернатива би била фатална за ДУИ, но немаше да биди и за доброто на Албанците во Македонија”.

Влада ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Изет Меџити парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.