Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиумите молчат за енормното поскапување на струјата, но пишуваат за поевтинување на парното. Која мизерна пропаганда

0
By Marija Todorovska on July 31, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 31, 2024 15:00

„Големото олеснување. Плаќав во времето на претходната влада струја во месечен износ од 700 денари. Сега плаќам за иста потрошувачка на киловати 1.700 денари. Тоа е заради политиката на новата Влада која ги укина субвенциите. Еден мој колега отвори со мене полемика дека техничката влада била таа која требала да обезбеди одлука за продолжување на сувенцијата (!) со струја иако токму и ВМРО беше дел од таа влада со навистина една цел – да обезбеди мирни и демократски избори. Сакал навреме да ја пренесе вината на владата СДСМ/ДУИ која не може да донесе мерка која зема голем дел од буџетот, а која секако може да биде променета веднаш по отпочнувањето на работата на новиот Парламент“, пишува Љубомир Костовски на својот Фејсбук профил.

„Јасно, новото „правителство“ се откажа од поддршка на стандардот на посиромашните слоеви на населението со образложение дека „ЕСМ“ треба да стане фирма која ќе работи на комерцијална основа. Упс! Знае Мицковски од свое искуство колку ЕСМ може да биде рентабилен економски фактор, особено ако најлошите произведувачи на струја – мини-централите што се и огромна еколошка грутка во секојдневието на земјата, даваат најскапа струја! Упс! Мицковски имаше 4 такви централи…

Сега тие се обидуваат да направат кампања дека – белким на друга страна – ќе го поевтинат парното греење. Насловната страница на Вечер деновиве многу кажува како се води кампања за нешто што просто и не е поевтинување, најмалку пак се однесува на широките народни слоеви, туку само на еден елитен слој кој ја има таа привилегија да има радијатори во куќата.

Јас добивам на пример намалување на цената за 0,5 отсто! Оние со најголем пад на цената само 1,5 отсто. Но за да се прикрие вистинскиот „дострел“ на мерката за енормното поскапување на струјата, за што медиумите молчат (мудро!) од ова се прави невидена парада. Која мизерна пропаганда“, вели Костовски.

Љубомир Костовски медиуми парно Поскапување пропаганда струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.