Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Менаџментот ги игнорира новинарите во „Дневник“ и „Утрински весник“

0
By Влатко Чаловски on February 3, 2017 ПОЛИТИКА
Фотографија од официјалниот сајт на МПМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Втор ден новинарите од весниците „Дневник“ и „Утрински весник“ кој се дел од групацијата МПМ штрајкуваат на своите работни места поради проблемот кој трае неколку месеци – неисплатени плати.

Љубиша Станковиќ, синдикален лидер во „Утрински“ вели штрајкот е изнуден од новинарите бидејќи и покрај тоа што постојано се обидуваат да стапат во контакт со раководството за да разговараат, тие се игнорирани.

– Преку штрајкот новинарите го покажуваат својот протест бидејќи сите наши обиди да се стапи во контакт со менаџментот и раководство за да се разговара за проблемите кои се наталожени со месеци наназад, се игнорирани перманентно. Ова е ситуација која е изннудена од нас. Минатиот петок последен пат доставивме писмено барање за средба за да се дискутира. Се уште не игнорираат и немаме никаков контакт со менаџментот, вели Станковиќ.

Тој потенцира дека воопшто не му се јасни плановите на сопственикот на МПМ, кој според Форбс е еден од најбогатите Македонци, за тоа што ќе се случи со новинарите кои работат во овие дневни весници.

Освен што ги игнорира, Станковиќ вели, менаџментот и манипулира со своите одговори кон новинарите, бидејќи раководството е во Македонија, а на новинарите им е укажувано дека се на пат.

Реагирајќи на информациите дека нивните колеги од весникот „Вест“ не се солидаризираат со штрајкот, Станковиќ вели тие немаат донесено формално правна одлука но се солидаризираат со новинарите од „Дневник“ и „Утрински Весник“.

Штрајкот последица на игнорирањето

На штрајкот кој започна вчера, претходеше предупредувачки протест на новинарите на кој не се појавија уредниците на весниците, односно Горан Петревски и Јасмина Миронски од „Вест“, Дарко Јаневски од „Дневник“, Соња Маџовска од „Утрински весник“ и Игор Ивановски од „Македонски спорт“.

На доцнењето на платите му претходеше и отпуштање на вработени, како и кратење на плати, а МПМ своите одлуки ги правдаше дека работи со загуба и опаднат тираж. Притоа компанијата не понуди доказ дека се намалуваат надоместоците и за менаџерскиот тим.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на сите средби со раководството постојано предупредуваше дека паѓањето на тиражите не е последица на лошото работење на новинарите туку на менаџирањето кое го урна кредибилитетот на весниците кои беа лидери во индустријата на печатените медиуми.

Во меѓувреме, НОВА се обиде да добие реакција и од претседателот на новоформираниот синдикат кој што е составен од уредници и новинари од Курир, Сител, Република и ТВ Нова, Градимир Марковски, за ситуацијата со неговите колеги, но тој уште кога слушна за што станува збор, ни спушти слушалка.

Директор на МПМ е Јана Станисављева, а сопственици се Јордан Камчев, најбогатиот Македонец според магазинот „Форбс“, поранешниот кандидат за претседател на РМ, Срѓан Керим, и Јана Станисављева, која ја презема компанијата на Веселин Јевросимовиќ, српски бизнисмен.

Дневник Јордан Камчев МПМ Срѓан Керим ССНМ Утрински весник штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.