Германија е подготвена да испрати дополнителни полицајци, особено во Бугарија, како дел од мерките за заштита на надворешната граница на Европската унија, јавува ДПА, повикувајќи се на писмо на канцеларката Ангела Меркел.
„Ќе ги зајакнеме силите на Фронтекс, распоредени во Грција на границата со Македонија и Албанија, се вели во писмото на Меркел до раководителите на партиите од владејачката коалиција – Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и Социјалдемократска партија на Германија (СПД) и нивните парламентарни групи.
Канцеларката сака овие мерки насочени кон намалување на бројот на мигранти кои пристигнуваат во Европа, да бидат реализирани до крајот на август.