Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел го одбила Гутереш за ангажман во ОН: Благодарам за понудата, ќе пишувам мемоари

0
By Sashko on January 20, 2022 СВЕТ
Фото: bbc.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која на почетокот на декември се повлече од функцијата по 16 години, ја одби понудата од генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш за ангажман во Обединетите Нации (ОН), соопшти денеска нејзиниот кабинет.

Меркел на 8 декември дефинитивно ја напушти политичката сцена и се посвети на пишување политички мемоари, наведоа оттаму.

Меркел „минатата недела му се јави на генералниот секретар на ОН, му се заблагодари за понудата и рече дека нема да ја прифати“, соопштија од нејзината канцеларија за француските медиуми, потврдувајќи ги информациите што претходно се појавија во медиумите дека има мали шанси за ваков „трансфер“.

Во соопштението не е прецизирано каков ангажман ѝ понудил Гутереш на поранешната германска канцеларка, но медиумите претходно јавија дека станувало збор за претседавање со Советодавниот комитет на ОН за глобални јавни добра, што е еден од неговите водечки реформски проекти.

Меркел, која долго време најавуваше пензионирање по германските парламентарни избори во септември 2021 година, во неколку наврати повтори дека не сака да преземе никаква нова функција по истекот на нејзиниот мандат.

Откако дефинитивно ја напушти политичката сцена на 8 декември, таа се посвети на пишување политички мемоари со нејзината поранешна советничка и блиска соработничка Беате Бауман.

„Нејзината цел е да ги објасни главните политички одлуки што ги донела за време на нејзините 16 години минати на власт“, рече нејзиниот советник.

Ангажман Ангела Меркел Антонио Гутереш Мемоари ОН Понуда Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.