Германската канцеларка Ангела Меркел во предизборниот дуел со противкандидатот Марин Шулц изјави дека Турција не би требала да стане членка на ЕУ и ќе побара од Унијата да го прекине преговорите со Анкара.

-Не гледам дека тие (Турците) би можеле некогаш да се приклучат на Унијата и никогаш не сум верувала дека тоа ќе се случи, изјави Меркел, додавајќи дека ќе разговара со своите колеги во Унијата за да постигнат единствен став за завршување на преговорите за турското членство.