Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел: Мерките на турската власт против медиумите се алармантни

0
By Нова ТВ on November 2, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 2, 2016 17:42

Мерките на турската власт против медиумите се “алармантни”, оцени денес германската канцеларка Ангела Меркел. Според неа, ова ќе игра централна улога во преговорите за членство кои Турција го води со ЕУ.

“Што се однесува до Турција, скапоцената слобода на медиумите и слободата на мислење која постојано се ограничува, за мене и за целата влада е сериозно алармантен”, изјави Меркел на една прес конференција. За Меркел ова е “тажно” а таа подвлече дека “новинарите ја имаат нашата целосна поддршка”.

Во понеделникот турската полиција го лиши од слобода уредникот и повеќе новинари на главниот опозициски весник Џумхуријет. Апсењата се во врска со истрагата за тероризам и активностите на Фетула Ѓулен, главниот противник на турскиот претседател Ердоган. Медиумите се постојана цел на властите од пучот на средината на јули годинава.

Меркел додаде дека ова прашање игра централна улога во преговорите за членство помеѓу Турција и ЕУ.
Анкара чека исто така да биде ослободена од визи за влез во ЕУ во рамките на договорот со ЕУ кој го сопира бранот мигранти кон Европа. Но, досегашните дискусии на таа тема не напредуваат.

Германската влада беше критикувана од опозицијата и медиумите дека сака да го заштити Ердоган. Односите помеѓу Берлин и Анкара се тензични.

Во јуни германските пратеници изгласаа резолуција со која се осудува ерменскиот геноцид во 1915 година од страна на Турција а оваа пролет на германската национална телевизија беше прикажана сатира против Ергодан.

Меркел слобода на медиуми Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.