Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меси шоу во Глазгов, два автогола во Лондон, кикс на Наполи (ВИДЕО)

0
By Нова ТВ on November 23, 2016 СПОРТ
Фото: goal.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шоу на Лионел Меси, Арсенал и ПСЖ повторно одиграа без победник, Манчестер сити се пласира во осминафинале, а Наполи не успеа до триумф на домашен терен против Динамо Киев. Ова се карактеристики во шестe вечерашни натпревари со кои беше комплетирано петтото коло во Лигата на шампиони.

Барселона во Глазгов го совлада Селтик со 2:0 со двата гола на Меси. Првиот на Аргентинецот беше ремек дело во 24 минута, вториот од пенал во 55 минута за зацврстување на првото место во групата Ц и пласман во осминафиналето. Друштво на шпанскиот гигант во нокаут фазата ќе му прави и Манчестер сити кој ремизира (1:1) на теренот на Борусија Менхенгладбах. Рафаел погоди за домашната екипа во 23 минута, Давид Силва израмни за гостинската во првата минута од продолжението пред паузата.

Арсенал и ПСЖ и на „Емирати“ ги поделија бодовите играјќи 2:2 (мечот во Париз заврши 1:1). Единсон Кавани и Оливие Жиру реализираа по еднаш на обете страни во првиот дел, Марко Верати и Алекс Ивобу ги погодуваа сопствените мрежи во вториот. Мрежите мируваа во Софија во вториот меч во групата А меѓу Лудогорец и Базел.

Наполи не успеа да го искористи ремито на Бенфика во Истанбул и да го преземе врвот на табелата во групата Б. Тимот од Серија А ремизира (0:0) пред своите гледачи против Динамо Киев и низ директна пресметка со португалскиот тим во Лисабон во последното коло ќе решава во кој правец ќе продолжи напролет.

Атлетико Мадрид ја забележа петтата победа во петтиот настап и единствена екипа е максимален ефект во сите осум групи во ЛШ. Екипата на Диего Симеоне го совлада отпишаниот ПСВ Ајндховен со 2:0 со головите на Кевин Гамеиро во  55 минута и на Антоан Гризман во 66 минута.

Арсенал – ПСЖ 2:2

https://www.youtube.com/watch?v=BlmxQ93AQDM

Селтик – Барселона 0:2

https://www.youtube.com/watch?v=xkwkPKIDPVg

Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити 1:1

https://www.youtube.com/watch?v=O0VaiOtilAc

Атлетико Мадрид – ПСВ Ајндховен 2:0

https://www.youtube.com/watch?v=qqMTOXNPxus

Бешикташ – Бенфика 3:3

https://www.youtube.com/watch?v=cOBqElesipM

Ростов – Баерн Минхен 3:2

https://www.youtube.com/watch?v=5eOsQTXgKGs

Лига на шампиони

Резултати, 5. коло

Група А

Арсенал – ПСЖ 2:2

Лудогорец – Базел 0:0

Табела: Арсенал 11, ПСЖ 11, Лудогорец 2, Базел 2.

Група Б

Наполи – Динамо Киев 0:0

Бешикташ – Бенфика 3:3

Табела: Наполи 8, Бенфика 8, Бешикташ 7, Динамо Киев 2.

Група Ц

Селтик – Барселона 0:2

Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити 1:1

Табела: Барселона 12, Манчестер сити 8,  Борусија Менхенгладбах 5, Селтик 2.

Група Д

Атлетико Мадрид – ПСВ Ајндховен 2:0

Ростов – Баерн Минхен 3:2

Табела: Атлетико Мадрид 15, Баерн Минхен 9, Ростов 4, ПСВ Ајндховен 1.

Арсенал Барселона Лига на шампиони Наполи ПСЖ фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.