Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мета: Не би сакал Албанија да се одвои од С. Македонија на патот кон ЕУ

0
By Sashko on January 10, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не би сакал никогаш да се разделиме, бидејќи не само што сме две соседни земји, туку сме исклучително заинтересирани Македонија да има прогрес и доколку се движат побрзо од Албанија, нека има прогрес и Албанија нема зошто да ја влече Македонија назад, истакна претседателот на Албанија, Илир Мета.

Во вечерашното гостување на ТВ 21, тој рече дека како држави треба да ги зголемиме напорите за да се движиме заедно по овој пат и да се најде решение со Бугарија и билатералните прашања да не бидат пречка за пристапувањето на некоја држава кон ЕУ.

Ова беше мојот став и претходно и реков дека последните 2,3 години Македонија е многу понапред од Албанија, во правец на исполнување на главните задачи од евроинтеграцискиот процес. Досегашното вето од Бугарија е неоправдано бидејќи е неприфатливо билатерално прашање да стане пречка за проширувањето, бидејќи излегува дека секоја држава членка на ЕУ да може да постави вето било кому, рече претседателот на Албанија.

Мета најави дека наскоро ќе го посети бугарскиот претседател Румен Радев и ќе разговара за она што може да се стори за решавање на македонско-бугарскиот спор. Тој говореше и за „Отворен Балкан“, при што посочи дека не може да изигрува адвокат на иницијатива која до сега три пати го сменила името.

Мислам дека има многу иницијативи кои се консолидирани но се сеопфатни каде и Косово е рамноправна страна со сите, до кои треба да се придржуваме и кои се под надзор на Германија или ЕУ. Оваа иницијатива, јас како претседател можам да кажам дека до сега не сум видел ниеден акт од оваа иницијатива иако побарав официјална информација од МНР на Албанија. Тешко ми е да зборувам за оваа иницијатива, за прашања за кои нема официјален, државен документ, рече тој.

Претседателот Мета ќе биде во тридневна посета на Скопје. Утре ќе се сретне со претседателот на државава, Стево Пендаровски, и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

Албанија ЕУ Илир Мета Македонија преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.