Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мијалков, Јакимовски и Стајковиќ во суд за „Трезор“

0
By Нова ТВ on February 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 5, 2018 08:43

Во Кривичниот суд Скопје 1 денеска почнува судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Трезор“ за набавка на опрема за прислушување во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Според новиот распоред на судии во Кривичниот суд, предметот ќе го води судијката Џанета Бегтовиќ.

Покрај Мијалков во случајот се обвинети и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, кој е во притвор во Солун.

Тие се товарат за  злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот при набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Злоупотребата почнала од 2010 година кога првите тројца осомничени заминале во Велика Британија каде што договориле набавка на опремата.  Но, наместо директно да биде склучен договор со британската фирма, се јавува фирма посредник- Финзи ДООЕЛ Скопје, преку која увозот бил фактуриран  за неколкукратно повисока сума. Потоа дале задача на сведок на СЈО кој исто така бил вработен во МВР да спроведе постапка за набавка, но без да го примени законот за јавни набавки.

„Според доказите произлезе основано сомнение дека откако правното лице ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје извршило увоз на опремата од правното лице од Велика Британија и од страна на тоа правно лице со увозот биле доставени и фактурите за опремата до Финзи, на вкупен износ од 89.322.845,00 денари или 1.452.403 евра, истата опрема ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје, ја префактурирала спрема МВР, на вкупен износ од 124.293.233,00 денари со ДДВ или 2.021.028 евра, и така ја препродала опремата на МВР на РМ“, констатира СЈО.

Потребата од нова опрема за следење на комуникациите продолжила и следната, 2011 година и нов анекс кој бил склучен со новиот управител и сведок на СЈО – Коста Крпач, кој се самоуби под чудни околности. Наредната 2012. бил склучен уште еден анекс на договорот, за набавка на подвижен видео надзор. Иако вредноста била околу 3 ипол милиони денари, МВР исплатило износ од 17 ипол милиони денари, или 215 000 евра повеќе. Злоупотребата на буџетски средства продолжила со нови барања, за одржување на опремата иако била нефункционална и застарена. Последниот договор за сервисирање е склучен со Крпач во март.

Од доказите произлегува дека книговодствено оваа опрема во МВР е евидентирана со вредност од 1 денар, а договорот за одржување е на приближно 30.000 евра месечно. Од доказите произлезе дека врз основа на овој договор МВР се обврзува на ДТУ ,,Финзи,, ДООЕЛ Скопје да му исплаќа авансен месечен паушал, по претходно доставена месечна про-фактура во износ од по 1.947.500,00 денари без ДДВ, со вкупна вредност на договорот од 46.740.000,00 денари без ДДВ, утврди истрагата на СЈО.

Дали „Финфишер“ е опремата поради која СЈО го отвори трезорот во УБК

Грујевски Јакимовски Крпач Мијалков СТајковиќ Трезор Финзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.