Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Миланов: Процесни скандалозни пропусти во постапката „Плацoви на Водно“ и барање за изземање на Лиле Стефанова

0
By НОВА ТВ on August 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одбраната на Камчев очекува укинување на притворската мерка бидејќи до судот доставиле гаранција од над 1,9 милион евра.

Јордан Камчев е единствениот обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, а кој веќе шест месеци е во притвор, реагираше денеска на прес – конференција неговиот адвокат Еленко Миланов. Тој се сомнева на пристрасност кај застапничката на обвинението на овој случај, обвинителката Лиле Стефанова. Миланов смета дека затворскиот притвор на Камчев треба да се замени со домашен притвор. И покрај нарушената здравствена состојба на Камчев, Миланов вели дека не се ни размислува за евентуално укинување на притворот на Камчев.

– Постои обемна медицинска документација од повеќе стручни лица од Република Северна Македонија и  од еминентни стручњаци од Република Словенија и исто така од Република Австрија. Во конкретниот случај, за неговата здравствена состојба постои и судско- медицинско вештачење од овластен вештак од областа на медицината, којшто исто така укажува на ризичноста на здравствената состојба на г. Јордан Камчев, што би укажувало на околноста дека од тие причини би требало да се интервенира и евентуално истиот во најмала рака да биде префрлен на издржување на мерка куќен притвор, изјави адвокатот Еленко Миланов.

Тој наведува дека иако до Кривичен совет при Основниот кривичен суд имаат поднесено и гаранција во недвижен имот вреден над 1,7 милион евра и 200.000 евра пари во готово, сè уште чекаат одлука од судот.

– Веќе подолг период имаме поднесено и гаранција во недвижен имот, онака како што обвинителството бараше, да не биде ниту од лица коишто се во постапката, иако сметам дека не постојат законски пречки неговата мајка, којашто е во постапката, да заложи сопствен имот, но почитувајќи ги барањата на обвинителството поднесена е и гаранција којашто би значела укинување на мерката притвор на г. Орце Камчев и негова понатамошна  одбрана од слобода, вели Миланов.

Судската постапка, според Миланов, без лице за коешто се тврди дека прибавило на инкриминиран начин парични средства, не може да продолжи.

– Морам да напоменам дека не е интенцијата да ги застапуваме, барем јас како бранител и колегата којшто ќе дојде во текот на оваа прес-конференција, интересите на г. Никола Груевски, но самата постапка и самото кривично дело е така поставено што без постоење на лице за коешто се тврди дека прибавило на некој инкриминиран начин парични средства и потоа тие парични средства се пуштени во одредени топови не може да продолжи ниту постапката во однос на кое било лице коешто се обвинува со правна квалификација за перење пари од членот 273  од Кривичниот законик, изјави Миланов.

Истрагата за случајот „Плацеви на Водно“ почна во октомври 2020 година, период кога експремиерот Никола Груевски веќе беше во Унгарија и не е сослушан за предметот. Со ова, според Миланов, обвинителката морала да ја прекине истрагата.

– Одредбите од членот 300 став 1 од Законот за Кривична постапка изрично содржат одредба согласно која јавниот обвинител со наредба ќе ја  прекине истражната постапка ако осомничениот е во бегство или недостапен на државните органи. Со правилна примена на оваа одредба сите сте сведоци дека  г. Груевски ниту беше обвинет во предметот „Организатори“ за 27.04.  ниту,  пак, има поднесено каков било обвинителен акт од моментот кога тој се наоѓа во отсуство за некој предмет што не е поведен претходно  и во кој истиот нема дадено своја изјава.  Обврската на обвинителот  да изврши распит на лице за коешто би поднело обвинителен акт во постапка во која се води истрага или тоа е постапка каде што може да биде изречена казна над пет години, вели адвокатот Миланов.

Во обвинителниот акт, Миланов вели дека обвинителката која го застапува предметот има доставено изјава од Груевски земена во 2015 година во ОЈО – Скопје во предистражна постапка. Со ова, според адвокатот, изјавата е земена во ненадлежно обвинителство за случај за перење пари. Иако изјавата на Груевски не е земена во Обвинителството за гонење на организиран криминал, сепак е наведена во обвинителниот акт.

– Обвинителот сакаше тоа да го оправда како техничка грешка. Сметаме дека станува збор за  искусен и доволно стручен јавен обвинител за ваква техничка грешка да не може да му помине низ рацете. Дури и да е тоа техничка грешка, таквата техничка грешка мораше да биде отклонета  во моментот кога предметот сè уште се наоѓа во фаза на испитување на обвинителниот акт. Тоа не е сторено, дури откако во таа насока бранителот на г. Никола Груевски по службена должност  го увиди тоа и потенцираше преку негов писмен поднесок, доаѓа ваквото образложение на јавниот обвинител кој го застапува овој предмет, а првостепениот суд во конкретниот случај, иако нема дури ни услови да може во однос на тоа лице да биде поднесен ваков обвинителен  акт, за ваква правна квалификација донесе решение за судење во отсуство, со што исто така сметаме дека направи една голема суштествена повреда на оваа постапка, изјави адвокатот Еленко Миланов, кој потенцираше дека Камчев е во протвор токму поради изјавата на Груевски дадена во 2015 година.

Адвокатот на Камчев наведува дека распитот на Груевски пред скопското обвинителство е направен на 31 август 2015 година, иако дејствијата што им се ставаат на товар на Камчев и на неговата мајка Ратка Камчева се однесуваат за период меѓу 20.07.2015 и 21.10.2015 година.

– Апсурдно е да се смета дека на 31.8. 2015 можело да биде земена изјава од г. Никола Груевски за нешто што би се случувало во наредните два и пол месеци. Тоа е она за кое сакавме да ве запознаеме како медиуми во однос на процесите и правните проблеми во одбраната на Јордан Камчев. Ги увидовме во списите на овој предмет и во конкретната постапка водена пред Обвинителството и којашто почнува пред Основен кривичен суд, изјави адвокатот на Камчев, Еленко Миланов.

Тој најави дека најверојатно поради пристрасност ќе поднесат барање за изземање на обвинителката Лиле Стефанова од предметот „Плацеви на Водно“.

Груевски Камчев Лиле Стефанова Миланов обвинителство Плацеви на Водно Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.