НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милошоски не ја почнува седницата без сертификати – чека до понеделник

0
By Нова ТВ on July 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Комисија за надворешна политика ниту по паузата не ја започна седницата на која излагање за остварувањето на меѓународната политика требаше да има министерот за надворешни работи Никола Димитров. Претседателот на Комисијата Антонијо Милошоски рече дека седницата ќе продолжи со работа кога пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат ќе ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на Република Македонија. Тој информираше дека пратениците со писмо ќе ги побараат овие материјали кои, според него, се наоѓаат кај генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.

Продолжението го закажа за в понеделник.

– Се надевам дека ова деловничко право што го имаме како пратеници ќе ни биде задоволено во најскоро време, за да може да започнеме со работа на седницата на Комисијата за надворешна политика, рече Милошоски.

На ова реагираше пратеничката Ивана Туфегџиќ која рече дека нема проблем Комисијата да почне со работа по излагањето на министерот Димитров.

– Материјалите кои ги споменавте не се дел од оваа точка. Министерот може да има експозе, бидејќи неговиот извештај не содржи класифицирани материјали, рече таа. Милошоски не го прифати предлогот на колешката.

Претходно Комисијата на трипати беше одложувана од истата причина, односно барање посочените материјали да бидат доставени до пратениците.

Недоставувањето, според Милошовски, значи дека владејачкото мнозинство нешто сокрива и остава простор за сомнеж.

Министерот Димитров рече дека е подготвен да разговара на која било тема во кое било време, но оти не е подготвен да биде соочесник или сведок на кривични дела.

– Немам ништо да кријам од целиот процес. Тоа што го кажувам пред вас, го кажувам пред граѓаните, тоа сум го разговарал и со Грција и со нивните претставници, со политичките лидери, со премиерот, претседателот… Објавување информации класификувани како државна тајна можат да направат трајни штетни последици врз државите интереси на РМ. Овој процес уште трае пред нас е референдум, а  пред Грција ратификација. Објавување ставови и преговарачки позиции може да му наштети на овој процес, рече Димитров.

Тој кажа дека не знае за какви материјали станува збор бидејќи, како што посочи, на првата средба кај Иванов не било договорено да се водат белешки. Прашање е, потенцира Димитров, кој ги направил, како ги класификувал и како одлучил кому да ги достави. Истакна дека МНР нема материјал од лидерската средба од јануари 2018 година.

– Ова што се прави е упад и саботажа која ја доживувам како андтидржавен потег, рече Димитров.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, го предупредија Милошоски дека на ваков начин по изнесување детали од класифицирани материјали прави кривично дело, како и дека кривично дело е доколку тој имал увид во тие материјали, а нема безбедносен сертификат.

Тие се повикаа на денешното соопштение од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија во врска со непочитување на Законот за класифицирани информации од страна на претседателот на Комисијата за надворешна политика, во кое се наведува дека „Претседателот на Комисијата за надворешна политика повеќе од една година нема безбедносен сертификат, иако од стручните служби во Собранието му било укажувано дека е истечена важноста на претходниот“.

Според ова, како што е посочено во соопштението, пратеникот и претседател на Комисијата, согласно Законот за класифицирани информации, кој е без неопходниот безбедносен сертификат, не можел да бара, поседува и да изнесува јавно документи кои имале назнака „строго доверливо“.

– Антонијо Милошоски до Кабинетот на претседателот на РМ доставил барање за добивање материјали од лидерските средби одржани во јануари и во мај годинава, и на недозволив и заобиколен пат, лично, не преку архива, ги добива материјалите од Кабинетот на претседателот Иванов, нешто што не е според законот. Материјалот е отворен, и по неколку дена од други лица во Собранието е донесен во Архива за да се процесуира. Со ова овој материјал станува сопственост на Собранието, се наведува во соопштението.

безбедносен сертификат Димитров Комисија за надворешна политика Милошоски преговори со Грција џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.