Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Милошоски нема безбедносен сертификат

0
By Нова ТВ on July 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 26, 2018 12:39

Класифицирани документи добиени од кој и да е орган, не можат да поседуваат лица без безбедносен сертификат, да бидат разгледувани на јавна седница и пред лица кои немаат таков сертификат, се посочува во денешното соопштение од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија во врска со непочитување на Законот за класифицирани информации од страна на претседателот на Комисијата за надворешна политика.

– Претседателот на Комисијата за надворешна политика повеќе од една година нема безбедносен сертификат, иако од стручните служби во Собранието му било укажувано дека е истечена важноста на претходниот,  се наведува во соопштението од кабинетот на Џафери.

Според ова, како што е посочено во соопштението, пратеникот и претседател на Комисијата, согласно Законот за класифицирани информации, кој е без неопходниот безбедносен сертификат, не можел да бара, поседува и да изнесува јавно документи кои имале назнака „строго доверливо“.

– Антонијо Милошоски до Кабинетот на претседателот на РМ доставил барање за добивање материјали од лидерските средби одржани во јануари и во мај годинава, и на недозволив и заобиколен пат, лично, не преку архива, ги добива материјалите од Кабинетот на претседателот Иванов, нешто што не е според законот. Материјалот е отворен, и по неколку дена од други лица во Собранието е донесен во Архива за да се процесуира. Со ова овој материјал станува сопственост на Собранието, се наведува во соопштението.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ укажуват дека Талат Џафери постапил согласно член 52 од Деловникот за работа на Собранието, во кој е наведено дека пратеникот е должен да ја чува државната, службената, воената и деловната тајна.

– Како тајна се сметаат сите материјали што му се упатуваат на Собранието и на работните тела, а кои како такви се означени од предлагачот на материјалот. Начинот на ракување и чување на материјалите што се сметаат за тајна се уредува со посебен акт што го донесува претседателот на Собранието, стои во соопштението од Кабинетот на Џафери.

Оттаму напоменуваат дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, ниту криел, ниту крие некакви материјали и сознанија, туку постапил исклучиво според Законот и Деловникот и дека тој нема да дозволи незаконско работење во Собранието на РМ.

Реакцијата на Џафери е во врска со седницата на Комисијата за надворешна политика за остварувањето на меѓународната политика на која излагање треба да има министерот за надворешни работи Никола Димитров. Таа вчера беше одложена, а не започна ниту денеска, бидејќи претседателот на Комисијата Антонио Милошоски остана на ставот пратениците кои имаат безбедносни сертификати да ги добијат класифицираните материјали од две средби на државниот врв кај преседателот на РМ. Тие, како што рече, се многу битни и значајни за надворешната политика, што е поврзано со точката на дневниот ред и работата на министерот.

Договор Комисија за надворешна политика Милошоски сертификат џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.