Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милошоски: Не преговараме без Јовески Дескоска: Барате изговори

0
By Нова ТВ on January 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 24, 2020 18:18

Пропадна уште еден обид за доближување на ставовите на партиските работни групи за предлог законот за јавно обвинителство. Последната што беше закажана за попладнево во Собранието, траеше околу половина час по што претставниците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија, откако не беше задоволено нивното барање за присуство и на дрќавниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

„Сметаме дека сме во еден временски теснец. До 12 февруари нема премногу денови. Изнесените забелешки на Јовески и би рекол остри критики од декември во 2019 година се премногу силни за да може тој како државен јавен онбинител да биде заобиколен на вакви важни средби на кои сите сакаме да дадеме одредена забелешка, предлог или амандман за еден сеопфатен и прифатлив текст за Обвинителство. На другата страна и предочивме дека сите наши конструктивни, но критички препораки, забелешки и амандман сакаме да ги доставиме во присуство на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, како човек којшто досега изразил најсериозна критика за овој предлог закон“, изјави Милошоски по средбата.

Потегот на опозициските претставници, според министерката за правда, Рената Дескоска, бил очекуван. Се согласивме, вели таа, за јавна дебата, но барање за присуство на Љубомир Јовески го оцени како неосновано.

„Избегаа од средбата. Од забелешки што ги истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на површина излезе само една и дадоа два предлога. За јавна дебата се согласивме, но нивното барање за присуство на Љубомир Јовески е неосновано. Претходно побараа присуство на претставници на ЕУ и на САД, но не и на Јовески. Ова е нивно несериозно однесување и јасно е дека целта им е запирање на сите предмети од СЈО“, истакна Дескоска.

Министерката за правда истакна дека со останатите партии било договорена нова средба за истакнување на предлози и потенцира дека јавна дебата ќе има, а дел од неа ќе биде и Љубомир Јовески. Тој, нагласи Дескоска, е запознат со предлог законот за јавно обвинителство и барањето за негово присуство денеска е уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ за напуштање на преговорите.

„Ќе бараме двотретинско мнозинство, имаме поддршка од ДУИ додека конструктивност покажаа и независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Дескоска.

Антонио Милошоски ВМРО-ДПМНЕ Закон за ЈО Македонија Рената Дескоска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.