Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милошоски: Во контакт сме со СДСМ за изборите, очекуваме одговор за 15 јули

0
By Нова ТВ on June 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ како сериозна партија секогаш имала и одржувала линкови за комуникација со сите други релевантни партии, одговори Антонијо Милошоски на прашањето дали неговата партија е во контакт со СДСМ за постигнување на договор за датум на изборите кои по завршување на вонредната состојба, согласно Уставот и законите, треба да бидат на 5 јули.

„Ние ги кажавме нашите услови, соодветно им се пренесени, очекуваме СДСМ да ја превземе одговорноста и да се обрати до нас, да не извести дали прифаќаат фер, демократски, меѓународно признати, легитимни избори, со намален здравствен ризик и здравствени протоколи и да се соочиме пред граѓаните на 15 јули“, одговори Милошоски.

Во однос на тоа дали партијата има нови услови, освен оние два кои вчера ги соопшти нејзиниот претседател Христијан Мицкоски (соодветни здравствени протоколи и навремено воспоставување на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР), Милошоски со одговор дека ВМРО-ДПМНЕ поставила услови кои што се меѓународно признати стандарди и почитувањето на тие услови ќе доведе до датумот на избори.

„Првиот наш услов е добри здравствени протоколи и посериозна борба против пандемијата и во ова време и особено во време на евентуално идна кампања и за време на гласање. И вториот услов е меѓународниот и европски стандард на мониторинг мисија од страна на ОБСЕ и нејзино воспоставување во Република Македонија. Оној ден кога ОБСЕ ќе стигне во Македонија со својата мисија, следниот ден може да ја почнеме изборната кампања која што трае три недели и ќе стигнеме така до самиот датум на изборите за кој што не сакаме да се одржат без мисија на ОБСЕ затоа што би биле изборен грабеж и поткуп на фамилијата Заеви со тие пакети кои што ги разнесуваат по посиромашните семејства. Затоа сакаме да имаме избори кои што ќе ги запазат здравствените протоколи и меѓународните стандарди на ОБСЕ и ОДИХР“, рече Милошоски.

Во врска со тоа што подразбира под здравствени протоколи, тој рече дека Државната изборна комисија (ДИК) најдобро знае во какви канцеларии, општински згради или помали месни заедници се гласа како гласачки места на кои што се гласало досега.

„За жал во некои од тие места нема простор ниту за самите членови на избирачкиот одбор, а камоли за уште 15 набљудувачи на листите кои што се поднесени од разни политички партии. Затоа сметаме дека треба да се седне со ДИК и комисијата која што ја предводи Караџовски како доктор да не политизира премногу, туку да седне и да се запознае со условите на ДИК и да обезбеди услови за пристојно гласање со намален здравствен ризик за секого. Затоа цениме дека треба оваа работа да се сфати многу посериозно од една изјава на Филипче или Караџовски на прес конференција“, рече Милошоски.

Антонио Милошоски ВМРО-ДПМНЕ датум избори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.