Министрите за надворешни работи од Европската Унија, денеска во Брисел го одобрија воведувањето на економски санкции за Венецуела, вклучувајќи и ембарго за оружје.

Нивното внимание, според најавите, ќе биде насочено врз силите за безбедност, министрите и институциите обвинети за кршење на човековите права и непочитувањето на демократските принципи и владеењето на правото.

Санкциите од ЕУ доаѓаат по најавата за санкции до Венецуела од страна на САД кои обвинија за корупција и интервенција во изборите за гувернери во земјата што се случија минатиот месец.

„САД нема да стојат настрана додека режимот на Мадуро продолжува да ги уништува демократскиот поредок и просперитетот на Венецуела“, изјави неодамна директорот на американскиот трезор, Стивен Мнучин.